Jавна расправа по предлог - стратегијата во културата 2018-2022 во Струга

Утре во Струга (24 ноември, петок), во Спомен куќата на Браќата Миладиновци во 13 часот  ќе се одржи една од јавните расправи што во неколку градови во Македонија се организираат за нацрт-стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018-2022 година. Јавната дебата е во организација на граѓанските здруженија Јадро и Култ-Транзен, во соработка со Министерството за култура на Република Македонија ...

Јавните дебати на Јадро за нацрт-стратегијата во културата се со поддршка од Фондацијата Отворено општество –Македонија, а на Култ-Транзен од УСАИД-Проектот за граѓанско учество.

Дебатите се реализираат со локална поддршка од граѓанскиот сектор и од локалната самоуправа и се во насока на децентрализација на расправата за стратегијата во културата за наредниот 5 годишен период, со што во дебатата се вклучуваат сите чинители во културата, од независната сцена и од институциите.

На дебатите учествуваат претставници од партнерскате организации Јадро и Култ-Транзен, претставници на локалната самоуправа и националните установи на културата, локалните партнери и граѓанскиот сектор, претставници на Работната група за стратегијата и на Советот за култура, како и независни уметници и културни работници.

Министерството за култура, дебатите низ градовите за нацрт-стратегијата во соработка со овие две здруженија ќе ги заврши во Кавадарци, на 29 ноември.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia