Соопштение за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2017 година

Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06,54/07 и 74/12)  и Правилникот за работа на Одборот, на својата  седница, одржана на 7.11.2017  година донесе Одлука за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2017  година за  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија...

1.  Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на:

             - проф д-р Венко Андоновски; професор и писател
             - проф. д-р Наим Алими; историчар

2. Во областа на културата и уметноста  наградата им се доделува на:

            - Гарабет Тавитјан; музички уметник
            - проф. д-р Јордан Плевнеш; писател
            - Илинденка Петрушева; филмолог

3. Оваa одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември 2017 година (петок ) во 13 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Одлуката е потпишана од Претседател на одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“, академик Владо Камбовски.


На следните линкови може да се пронајдат и сочуваат официјалното соопштение и одлуката на Oдборот:
Соопштение за доделување на Државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2017 година
Одлука на Одборот за доделување на Државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2017 година

odluka_sv_kliment_2017


       

soopstenie_nagrada_sv_kliment_2017

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia