Известување за почеток на процес на подготовка на Предлог на закон за престанување на важење на Законот за поддршка на домашната музичка продукција

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и преку е-Влада, е извршена објава на Известување за почеток на процес на подготовка на Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

Имплементацијата на Законот во практика не ги даде очекуваните ефекти, пред сè од причина што иако за избраните композиции се продуцираа аудио и видео записи, истите или не беа воопшто или беа емитувани во мал обем на радијата и телевизиите.

Од наведените причини  објективно и не може да се направи евалуација на позитивните ефекти од поддршката на создавање на нови композиции. Со оглед на тоа што аудио и видео записите за композициите не беа во доволен обем достапни на пошироката јавност, се поставува прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање на создавање на нови композиции од областа на забавната и народната музика со средства од Буџетот на Република Македонија.

Согласно постапката утврдена со Методологијата за проценка на влијанието на регулативата и Деловникот за работа на Влада, заинтересираните страни можат да доставуваат предлози, коментари и забелешки на текстот на Законот, во следниве 20 дена.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia