Трета информативна сесија за Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 г

Целта е заинтересираните да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации потребни за подготвување поуспешна апликација ...

Министерството за култура утре (среда, 8 ноември 2017) во 15 часот во просториите на Мултимедијалниот центар „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија ја организира третата и последна јавна информативна сесија за сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година.
Целта е заинтересираните да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации потребни за подготвување поуспешна апликација. Првата информативна сесија ќе опфати седум паралелни инфосесии за сите конкурсни пријави по дејности.

Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година беше распишан на 30 септември 2017, а рокот за пријавување е до 15 ноември 2017.
Поподробни информации за конкурсот и документите за аплицирање може да се најдат и подигнат на линкот: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066--2018 .
kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia