Соопштение од прес конференцијата на министерот за култура на Република Македонија на тема „Зборот е збор - 100 дена Влада на Република Македонија“

Министерот за култура на Република Македонија, на прес конференција одржана во Владата на Република Македонија, ги претстави пред јавноста клучните постигнувања во првите 100 дена од мандатот на новата Влада на Република Македонија во областа на културата.

Alagjozovski_pres_Zborot_e_zbor_18_09_2017

1. Јазикот и нашиот културен идентитет се наши врвни приоритети. Подготвивме иницијативи, со кои ја прекинуваме долгогодишната негрижа и овозможуваме услови за поправање на состојбите. Веднаш се зафативме со подготовка на законски измени во Законот за употребата на македонскиот јазик кои се веќе во собраниска процедура, со кои ќе го деблокираме процесот за полагање на лекторскиот испит и ќе овозможиме подобри услови за заштита и унапредување на македонскиот јазик во јавната комуникација, наспроти запоставувањето и негрижата за македонскиот јазик од повеќе аспекти што беше карактеристика на претходната власт. Освен тоа, Владата неодамна донесе одлука со пакет од 11 предлог - мерки што ги подготвувавме во овој период, а кои се само дел од нашите активности со кои постојано ќе ја подобруваме состојбата во оваа сфера.

2. Меѓу врвните приоритети во првите 100 дена беше заштитата на запоставеното бесценето културно наследство. По поројните дождови и градот кој заврна во Скопје на 16 јуни 2017, интервениравме веднаш за да ги санираме штетите и да спречиме понатамошно загрозување на вредни експонати и артефакти. Такви итни интервенции беа спроведени во Чифте Амам, Даут Пашин Амам, Музеј на Македонија; Успеавме да ја згрижиме Галеријата на икони, со бесценети дела кои датираат уште од 14 век, а кои со месеци беа оставени да лежат во поплавена просторија со паднат таван, расфрлени на земја. Веднаш покренавме процес за заштита на струмичката фреска „Св 15 Тивериополски маченици“, една од најстарите во нашиот регион, со години оставена на милост и немилост на временските услови. Во повеќе институции спроведуваме проекти за подолгорочно решавање на очајната инфраструктура, запустена со години, а во некои и спречување на штетата направена со нестручната реставрација, каков што е примерот со нашата знаменита црква во Курбиново и со манастирот Трескавец. 

3. Ја отвораме културата за сите, без оглед на припадноста. Нашата цврста заложба „култура до сите, култура за сите“ ја демонстрираме и во практика. Преку конкурсот за Новиот културен бран, со скромни средства, успеавме да мотивираме организирање на над 100 културно - уметнички настани ширум земјава, да ја заживееме независната културна сцена. Успехот следуваше откако во подготвителната фаза ја редизајниравме и реобмисливме Манифестацијата „Нов културен бран“ (порано Топол културен бран). За разлика од порано, кога право на конкурирање имаа само општините, годинава повикот за првпат беше отворен за НВО и граѓанскиот сектор, независните продукции, неформални граѓански иницијативи, поединци и групи на уметници, ги отворивме и вратите на нашите установи за соработка со апликантите; формиравме конкурсна комисија сочинета исклучиво од надворешни членови, познати културни дејци, кои одлучуваа автономно. Сумите и добитниците ги објавивме јавно и секој апликант добива образложение за одлуката, со што ја остваруваме нашата заложба  за транспарентност и отчетност во процесот на донесување одлуки. Се пријавија речиси 300 апликанти, што е охрабрувачка порака дека ја движиме културата во вистинска насока, поблиску до оние што ја создаваат и до оние на коишто им е наменета, до сите граѓани подеднакво.

4. Ги отвораме вратите на пријателство во регионот и пошироко, ја зголемуваме меѓународната културна соработка.  Постигнавме голем успех на меѓународната културна сцена - излобиравме и добивме консензуална поддршка од сите 16 земји – членки на Иницијативата „16+1“ за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа и НР Кина за идејата Центарот за културна соработка на Инцијативата да биде востановен во Скопје; Веќе задутре, заминувам на неколкудневен Форум во Кина со моите колеги од земјите од Иницијативата, на кој ќе ги конкретизираме деталите на соработката. Освен тоа, потпишавме договор, со кој ја конкретизираме и интензивираме културната соработка со Босна и Херцеговина; деновиве имавме успешна посета на заменикот – министер Лазовски и конкретни идеи за продлабочување на соработката со Црна Гора; преземавме чекори за конкретизирање и интензивирање на културната соработка Република Бугарија, во духот на договорот со кој ќе ги унапредуваме значајно добрососедските односи, а такви чекори преземаме со сите наши соседи; Договоривме конкретна соработка и партнерство со меѓународни фондации, за спроведувањето на „Новиот културен бран“, но и подолгорочна соработка и поддршка за директно вклучување на граѓаните во процесите на креирање на политиките на Министерството за култура. Остваривме средби со над 20 амбасадори во нашата земја, со кои разговаравме и утврдивме и конкретни проекти на билатерална и мултилатерална културна соработка;

5. Култура за сите: во практика демонстрираме почит кон мултикултурализмот, културниот диверзитет и еднаквите можности за пристап кон културата за сите граѓани подеднакво без оглед на припадноста. Со нашето присуство на повеќе културни настани, манифестации, фестивали, одбележувања на значајни датуми на сите заедници, ги демонстриравме нашите заложби за почитување на културниот диверзитет, еднаквост и пристап кон културата за сите граѓани. За првпат во историјата на културните случувања во земјава, еден министер за култура отвори „Прајд викенд“ во Скопје, учествуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на Египќаните,  одбележувањето на Денот на холокаустот врз Ромите, „Деновите на различностите“ итн.

6. По повеќе години, во Министерството за култура пристапот до информации од јавен карактер е навистина слободен. Ја зголемивме драстично транспарентноста на јавно достапните информации. На сите барања кои пристигнаа во минатиот период одговоривме во законскиот рок, поттикнавме зголемен интерес за информации и кај граѓаните и кај медиумите и уште поголем наплив на барања.  Само во последниве денови пристигнаа уште четириесетина нови барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, на кои исто така ќе биде одговорено во законски предвидениот рок.

7. Ги ослободуваме и стабилизираме институциите, ги откриваме злоупотребите и подготвуваме соодветни постапки за можните злоупотреби на парите на граѓаните. Без оглед на трансферот на власта во институциите, работата на културните установи и сите тековни манифестации се реализираат без нарушувања и тешкотии, со целосна поддршка од Министерството; Дури и онаму каде што имаше предизвици, помогнавме тие да се надминат, како што беше со процесот на враќање на организацијата на Фестивалот Браќа Манаки на Друштвото на филмски работници/професионалци, кое повеќе од 3 децении го организира фестивалот, а на кои со одлука на поранешната власт му беше одземена организацијата и доделена на новооформен ентитет;

Без оглед на кусокот време за запознавање со состојбите, опструкциите, летните одмори и неприсутноста на дел од вработените, нашите инспекции работеа напорно и во дел од институциите најдоа сериозни индиции за злоупотреби, кои ќе бидат предмет на понатамошни соодветни процедури;

Штетата за Буџетот на РМ само преку штетни менаџерски договори и договори за закуп откриена досега е некаде околу 2.4 милијарди денари. Наследивме огромни долгови, само за изведбата на Македонската филхармонија, на празен Буџет, државата им должи на изведувачите над 900 милиони денари, или околу 15 милиони евра.

Преку изводите од службените картички што ги објавивме во јавноста граѓаните имаа можност да дознаат за незаконската употреба на народните пари и луксузирањето на претходната владејачка гарнитура.  Во многу установи се забележани договори за огромни хонорари во однос на остварените задачи, на пр. за оркестрирање на концерт во Македонската Филхармонија биле исплатени 200.000 денари, сценариото за отворањето на Охридско лето чинело 150.000 денари, изведба на сцена за Струшките вечери на поезијата чинела дури 750.000 денари а е реализирана преку авторски договор со физичко лице, договори без распишување на тендер на сума поголема од 30.000 денари во Македонската филхармонија, а да не ја заборавиме и фактурата за коктелот за отворањето на новата зграда на Филхармонијата од 646.200 денари без спецификација на артиклите, делењето на стотици гратиси за отворањето на партиската свита, и самиот чин на таканаречено „отворање“ на објектот без соодветен технички прием, што е тешка злоупотреба на процедурите која можела да доведе во ризик и нечиј живот.

Во повеќе установи извршивме промени во управните тела и како што налага Законот назначивме в.д раководители од самите колективи. Нивниот мандат е ограничен на најмногу 6 месеци, по што ќе следуваат конкурси за избор на нови раководители, кога и лица надвор од установите ќе можат да конкурираат со своите програмски визии за унапредување на нивната работа на подолг рок. Промените ги направивме и ќе ги правиме со цел да овозможиме ослободување на установите од директни партиски влијанија и опструкции, да овозможиме услови за откривање на злоупотребите и неправилностите кои со години се криеја од јавноста, како и да ги отпочнеме процесите на подобрување на очајните услови за работа и да го сопреме запоставувањето на живата култура на сметка на градењето на лажни културни вредности.

8. Имаме легислативни иницијативи во собраниска процедура, со кои решаваме значајни проблеми,  водиме системска грижа за одржливост и развој во културата и уметноста на подолг рок. Освен законските измени во Законот за употребата на македонскиот јазик, со предложените измени на Законот за култура во делот на националните пензии кои се веќе во собраниска процедура, ќе се намалат финансиските обврски по основ на исплатата на надоместоци на пензионерите - добитници на државни награди за култура, а кои претходната власт не постигнуваше да ги сервисира, доцнејќи со исплатата на пензиите по неколку месеци. Со измените ќе се обезбеди и поголема ефикасност во работата на директорите на националните установи и поголема ефикасност во вршењето инспекциски надзор;

Во собраниска процедура е и предлог – законот за престанување на важење на Законот за национален уметник, со кој овозможуваме разбивање на клиентелизмот, дискриминацијата и нееднаквоста помеѓу уметниците. Имено, законот овозможува и активни уметници, покрај нивните редовни примања или хонорари, да се стекнат со правото до крајот на животот да остваруваат надоместок на две просечни месечни плати во државата, со што се прави нерамноправен третман меѓу уметниците, иако постојат и други механизми на стимулирање на творештвото. Предложивме овој Закон да престане да важи, а на националните уметници кои веќе го стекнале ова право, истото да им продолжи.

Поради целокупната затечена незавидна состојба во областа на авторското и сродните права,  веднаш започнавме со консултација со стручњаците и засегнатите страни и со подготовка на измени и дополнувања на Законот за авторското право и сродните права, во насока на изнаоѓање на одржливи механизми за нивна заштита и усогласување со новата Директива 2014/26/EC за колективно управување со авторското право и сродните права и мулти-територијално лиценцирање на музички дела за користење преку интернет. Наша заложба е во овој процес да влеземе партнерски со сите засегнати страни, вклучувајќи ги и медиумите, кои се еден од клучните актери во оваа сфера.

9. Веќе отворивме суштинска јавна расправа за културата од повеќе аспекти, со инклузивен и неселективен пристап кон сите засегнати страни. Успеавме, во речиси невозможно време, да го подготвиме првичниот нацрт на стратегијата за културен развој за наредните 5 години, чиј процес на подготовка не беше спроведен навремено од претходната власт. Затоа, дизајниравме процес на јавна расправа од повеќе од два месеци, која цели да ги вклучи сите засегнати. Стручњаците ќе ви речат дека во нормални услови за да изградите една ваква стратегија би ви требале најмалку една година а можеби и повеќе време, но, Македонија, просто, тоа време го нема. За да имаме можности да го изведеме овој процес на начин којшто нема да наштети на неговиот квалитет и ќе донесе повеќе мислења и предлози и учество на граѓаните во неговото обликување, добиваме поддршка од реномирани меѓународни организации;

Од почетокот на мандатот, и самите организиравме неколку јавни дискусии, а интензивно учествуваме на дискусии организирани од институциите на културата, независната сцена и граѓанските организации. Ние не бегаме, напротив, сакаме и охрабруваме дебата со граѓаните и сите засегнати страни - за нивните вистински културни потреби и приоритети. Минатата недела го организиравме Форумот за претставување на првичниот нацрт на стратегијата за развој на културата пред 100 присутни претставници на повеќе културни установи и граѓански организации од областа, ја организиравме првата јавна расправа за авторските права со сите засегнати страни, со што го отпочнавме процесот на ревидирање на легислативата и практиката и подобрување на решенијата во делот на авторските и сродните права и нивното колективно управување;

10. Јавните културни институции се сега отворени, партиципативни и инклузивни, реализираме соработка со стручњаците и сите засегнати страни, за добро промислен, долгорочен и стабилен културен напредок. Ги отворивме вратите на културните установи и Министерството за соработка со граѓанскиот сектор и независната културна сцена. Формиравме повеќе тела, комисии и работни групи на Министерството, како Советот за култура, Работната група за изработка на предлог - Национална стратегија за развој на културата за периодот од 2018 до 2022 година, Работната подгрупа за проценка на влијанието на културните политики на претходното раководство и нивното влијание врз културата, Работната група за подготовка на Анализата за т.н „Проект Скопје 2014“ и неколку други тела и комисии, кои, за разлика од порано, се репрезентативни и вклучуваат претставници на сите засегнати страни, истакнати стручњаци, претставници на граѓанскиот сектор, културни работници и уметници. 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk