Реакција на невистинитите наводи на г-ѓа Весела Честоева, поранешна директорка на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, изнесени на гостувањето на ТВ Нова

Министерството за култура на Република Македонија во целост ги демантира невистините изнесени на гостувањето на ТВ Нова на 22.07.2017 од страна на г-ѓа Весела Честоева, претходен директор на Националната установа Археолошки музеј на Македонија - Скопје.

Според податоците со кои располага Министерството, а кои што беа доставени од страна на Археолошкиот музеј, во конкретниов случај воопшто не станува збор за отказ, односно раскинување на договорот за вработување на определено време за работното место Раководител за стручни работи, без отказен рок додека горенаведеното лице користи боледување, туку за донесување на одлука од страна в.д. директорот за прогласување на предметниот договор за ништовен, согласно прописите од областа на облигационите и работните односи, што значи дека истиот нема правно дејство.

Имено, согласно констатациите на инспекциските служби, договорот за вработување бил склучен за период од една година, спротивно на согласноста на Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства, според која средства за исплата на плата од Буџетот на РМ биле обезбедени заклучно со 31.12.2017 година. Од друга страна, горенаведеното лице започнало со работа пред да биде пријавена во Агенцијата за вработување, односно ретроактивно, прекршок за кој што инспекцијата има изречено прекршочна санкција - глоба.

Имајќи предвид дека склучениот договор за вработување на ваков начин во иднина би можел да предизвика штетни последици по установата, односно негативни финансиски импликации по Буџетот на РМ, со одлука на в.д директорот истиот е прогласен за ништовен, односно како да не бил ни склучен.

Исто така, би сакале да ја информираме јавноста дека и самата постапка за "самовработување" на претходната директорка ќе биде предмет на иницирање на кривична постапка пред надлежен суд за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, согласно Кривичниот законик.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk