Информативна сесија за „Проекти за литературни преводи“

_

Овој настан е еден од редовните кои ние ги организираме особено пред и за време на повиците за аплицирање за одредени категории во случајот литературни преводи бидејќи крајниот рок е 25 јули ...

Министерството за култура во соработка со Канцеларијата за „Креативна Европа“ - потпрограма „Култура“ на Република Унгарија денеска во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ организира информативна сесија за категоријата „Проекти за литературни преводи“. - Овој настан е еден од редовните кои ние ги организираме особено пред и за време на повиците за аплицирање за одредени категории во случајот литературни преводи бидејќи крајниот рок е 25 јули. Го правиме овој обид да ги повикаме издавачите и издавачките куќи кои се потенцијални апликанти и да им помогнеме во процесот на аплицирање, истакна Билјана Прентоска од Министерството за култура.

Таа нагласи дека Македонија, Унгарија, Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија и Италија се земји кои се најуспешни во користење на овие фондови, конкретно за категоријата литературни преводи. Монди Габор од Канцеларијата за „Креативна Европа“ - потпрограма „Култура“ на Република Унгарија потенцира дека се успешни поради нивниот издавачки сектор кој, како што рече, е многу силен, тие комуницираат и си помагаат меѓу себе. Жарко Кујунџиски, уредник во Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје информира дека оваа програма е отворена за сите македонски издавачи и оти сите издавачки куќи може да кункурираат.

„Антолог“ веќе неколку години добива поддрша од оваа програма и за нас како издавачка куќа е многу значајна. Пред се тоа се пакети од повеќе книги кои се добиваат.Одеднаш се добиваат седум или осум книги кои се преведуваат од некој европски јазик , а ние најчесто одиме со различни јазици , рече Кујунџиски. Додаде дека досега преку оваа програма превеле над 40 книги , кои биле наградувани, вреднувани од критиката и публиката и имале одличен одѕив.

Според него , ова за македонската културна средина значи развој на издаваштвото , пред се на преведувачката активност , како и финансиски импут.Освен што се објавуваат книги има и циркулација на автори.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk