Информативна сесија за категоријата „Проекти за литературни преводи” на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ“

Kreativna_Evropa

За време на настанот ќе бидат претставени македонското и унгарското искуство и успеси во категоријата „Проекти за литературни преводи“ на програмата ,,Креативна Европа на ЕУ“ ...

Ве известуваме дека Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура на Република Унгарија, на 14 јули 2017 година со почеток во 10 часот во Центарот за конференции и студии при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, организира Информативна сесија за категоријата „Проекти за литературни преводи” на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ“.

За време на настанот ќе бидат претставени македонското и унгарското искуство и успеси во категоријата „Проекти за литературни преводи“ на програмата ,,Креативна Европа на ЕУ“. Истовремено, пред крајниот рок за доставување на проекти за оваа категорија до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија, 25 јули 2017 година, ќе бидат претставени критериумите за аплицирање и ќе се одржат индивидуални консултации со апликантите.

Во прилог ви ја доставуваме програмата за настанот



kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk