„Отело“ на Турскиот театар од Скопје освои награда на 44. „Инфант“

Turski_teatar_Otelo

Претставата „Отело“ на иновативен начин преточува едно класично дело во театарски експеримент. Најважниот сегмент на претставата е употребата на водата, која од успешно сценографско решение се издигнува до повеќеслојна симболика, ефектен режиски пристап, ја стимулира актерската експресивност и воспоставува комуникација со публиката ...

Претставата „Отело“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Дејан Пројковски, на Турскиот театар од Скопје доби награда за нај оригинално истражување на еден сегмент од театарскиот јазик на 44. Интернационален фестивал на алтернативен и нов театар „Инфант“ што се одржува во Нови Сад, Србија. 

Наградата, како што соопшти Турскиот театар, била доделена едногласно. 

- Претставата „Отело“ на иновативен начин преточува едно класично дело во театарски експеримент. Најважниот сегмент на претставата е употребата на водата, која од успешно сценографско решение се издигнува до повеќеслојна симболика, ефектен режиски пристап, ја стимулира актерската експресивност и воспоставува комуникација со публиката, стои во образложението на Фестивалот. 

Во претставата играат Џенап Самет (Отело), Сузан Акбелге (Дездемона), Селпин Керим (Јаго), Осман Али (Касио), Зубејде Али (Емилија) и Неат Али (Родриго). 

Кореографијата е на Олга Панго, музиката на Горан Трајкоски, а сценограф е Татјана Христоска Блажевска. Костимограф е Тања Кларис, асистент на режија Теодора Силјаноска, а асистент на сценографија Милан Несторов. Во претставата се користени искуства од кунг-фу мајсторот Влатко Здравковски. 

Во својата режисерска експликација Дејан Пројковски нагласува дека се уште има актери кои посветено работат и живеат во име на театарот.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk