Гран при за претставата „Животот е прекрасен" на 41-то издание „Денови на сатира Фадил Хаџиќ"

Големиот фестивал „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“ на кој оваа година учествуваа најдобрите 15 комедиографски и сатирични дела од хрватската театарска продукција како и истакнати продукции од Словенија, Германија, Македонија, Србија и Црна Гора, вчеравечер на 21 јуни со доделувањето на наградите „Вечерен лист" беше затворен ...

Комисијата на 41-то издание „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“, а во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во Вечерен лист, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец, едногласно одлучи гран при наградата „Вечерен лист"/ за најдобра претстава во целина да и припадне на „Животот е прекрасен" по текст на Николај Ердман, во режија на Александар Морфов, а во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје.

За најдобра женска улога наградата и припадна на актерката Николина Кујача за улогата на Марија Лукјанова во „Животот е прекрасен", а наградата за најдобра машка улога, комисијата едногласно одлучи да му ја додели на актерот Никола Ристановски за улогата на Семјон Семјоновиќ Подсекаљников во истоимената претстава, а во изведба на МНТ.

Големиот фестивал „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“ на кој оваа година учествуваа најдобрите 15 комедиографски и сатирични дела од хрватската театарска продукција како и истакнати продукции од Словенија, Германија, Македонија, Србија и Црна Гора, вчеравечер на 21 јуни со доделувањето на наградите „Вечерен лист" беше затворен.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk