Трета бесплатна музичка работилница во Спомен куќата на Тоше во Крушево

Tose_Proeski_-_rabotilnica

Работилницата ќе трае три дена, а ќе заврши со заеднички концерт на сите учесници што ќе се одржи на 22 јуни пред платото на Спомен куќата со почеток во 18 часот ...

Во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево денеска почна со работа третата бесплатна музичката работилница „Krusevo Workshop 2017”, на која учествуваат  триесеттина млади гитаристи од сите краишита на Македонија.

Работилницата ќе трае три дена, а ќе заврши со заеднички концерт на сите учесници што ќе се одржи на 22 јуни пред платото на Спомен куќата со почеток во 18 часот.

Оваа година ментор на работилницата е еден од најдобрите македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски, кој во наредните три дена на помладите музичари ќе им пренесе дел од своето знаење, техники и пристап во свирење на овој популарен инструмент.

Овој проект има за цел да го популаризира свирењето на музички инструменти кај нас, а воедно да ја позиционира Спомен куќата на Тоше и градот Крушево како едукативен музички центар во регионов.

Проектот се реализира со подршка на Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Трето Уво.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk