Реакција за објавата на порталот „Курир“ со наслов: “Започна животот во културата, Алаѓозовски избркал од работа тројца професионалци за да направи место за партиски кадри”

Би сакале да истакнеме дека овие тројца надворешни соработници беа ангажирани во одделенија, во кои што веќе има доволен број редовно вработени административни службеници. На пример, во Одделението за поддршка на министерот и односи со јавноста веќе има 7 редовно вработени административни службеници ...

Во врска со денешниот текст објавен на порталот „Курир“ за наводно бркање од работа на лица ангажирани во Министерството за култура на Република Македонија, би сакале веднаш да ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и тенденциозно пренесени информации.

Најпрвин, не е точно дека „Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес избркал од работа тројца вработени професионалци од министерството за култура, противправно прекинувајќи им ги законските договори кои траат до крајот на годината“.

Имено, не се работи за административни службеници во редовен работен однос, туку за лица што биле ангажирани со договор на дело како надворешни соработници.

Иако формално рокот на овие договори бил до крајот на годината, според прописите за склучување на ваков тип договори и обврските кои произлегуваат од договорот, доколку нарачателот на услугата оцени дека нема потреба од понатамошно ангажирање на лицата ангажирани со договор за дело, истиот може да се раскине и да се извести извршителот на услугата, најдоцна 10 дена пред раскинување на договорот, согласно чл.6 од склучените договори. На извршителот му се исплатува паричниот надоместок до денот на извршување на услугата.

Напомнуваме дека при раскинувањето на договорот се испочитувани целосно законските прописи, при што овие прописи не предвидуваат посебно образложение за причините за прекин на договорот. Сметаме дека се крајно ниски пласираните дезинформации за начинот на којшто на овие лица им е соопштено раскинувањето на договорите.  Сите беа примени лично од министерот, кој им се заблагодари на досегашната соработка, а самото доставување на известувањата за прекин на договорот преку курирот на Министерството е редовна и пропишана процедура.  

Би сакале да истакнеме дека овие тројца надворешни соработници беа ангажирани во одделенија, во кои што веќе има доволен број редовно вработени административни службеници. На пример, во Одделението за поддршка на министерот и односи со јавноста веќе има 7 редовно вработени административни службеници.

Воедно, сакаме да и укажеме на јавноста дека во 2006 година (месец август), пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во Министерството за култура беа вработени 51 лице, од кои 49 државни службеници. Во моментов, во Министерството за култура се вработени дури 159 административни службеници и едно (1) лице како помошно техничко лице - возач.

Сакаме да истакнеме дека Министерството за култура ќе продолжи да ја демонстрира заложбата на новата влада веднаш да ја прекине праксата на непродуктивно трошење на средствата на граѓаните, како и оптимално искористување на човечките и кадровските потенцијали на вработените, без дополнително да го оптоварува Буџетот којшто го полнат граѓаните. Државната администрација треба да биде во служба на граѓаните, а не товар врз нивниот грб.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk