Информација во врска со настанатите оштетувања на споменикот на културата „Чифте амам“ во Скопје

Веќе денес, НУ Конзерваторски центар - Скопје формира стручен тим за итен увид и констатирање на состојбата на споменикот Чифте амам, чија должност ќе биде најитно да подготви извештај, кој покрај констатациите за оштетувањата, треба да содржи и итни мерки за заштита, посебни ограничувања, рокот во кој треба да се преземат мерките за заштита и проценка на потребните финансиски средства за изведба на овие зафати ...

Во врска со настанатите оштетувања на споменикот на културата „Чифте амам“ во Скопје по невремето на 14.06.2017 година, Министерството за култура ја известува јавноста дека уште од вчеравечер интензивно се преземаат неопходните итни заштитни интервенции за санирање, како и теренските оценки на стручњаците за трајно решавање на проблемите.

Веќе денес, НУ Конзерваторски центар - Скопје формира стручен тим за итен увид и констатирање на состојбата на споменикот Чифте амам, чија должност ќе биде најитно да подготви извештај, кој покрај констатациите за оштетувањата, треба да содржи и итни мерки за заштита, посебни ограничувања, рокот во кој треба да се преземат мерките за заштита и проценка на потребните финансиски средства за изведба на овие зафати.

Поради можноста од ново невреме во овој период, НУ Национална галерија е задолжена веднаш да изврши поставување на времени елементи (стакло, плексиглас и сл.) на местата на оштетените делови во куполите, за да се спречи понатамошното оштетување на објектот.

Врз основа на извештајот, НУ Конзерваторски центар - Скопје ќе достави веднаш барање до Управата за заштита на културното наследство, за итно прогласување на овие објекти како културно наследство во опасност, врз основа на што Управата ќе треба по службена должност за овие објекти да издаде Решение за прогласување на културно наследство во опасност. Истовремено, веќе е инициран преглед на постојните документи и изработка на Проект за конзервација и реставрација на Чифте амам во Скопје, кој ќе почне да се реализира веднаш по спроведувањето на законските процедури.

Сметаме дека е потребно јавноста да знае дека во изминативе години НУ Национална галерија постојано испраќала дописи до претходното раководство на Министерството и Владата на РМ за тековните проблеми со овој значаен историски објект. Иако санацијата на Чифте Амам е влезена во програмата на Владата за тековната 2017 година, за таа намена годинава се издвоени само 200.000 денари, додека минатата година за оваа намена биле издвоени 2 милиони денари, но ниту еден изведувач не се јавил на тендерот распишан за санација на објектот, бидејќи и оваа сума сума ни оддалеку не може да ги задоволи побарувањата за целосна санација поставени во тендерската документација, а потенцијалните изведувачи на сакаат да ја ризикуваат сопствената репутација и да ја изгубат лиценцата што е неопходна за изведување на санации на заштитени споменици на културата од прва категорија.

Порачуваме дека пристапот на Министерството за култура кон заштитата на културното наследство ќе се смени драстично во однос на тоа што беше пракса во минатото, и дека овие знаменитости ќе го добијат вистинскиот и заслужен третман и грижа.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk