Благодарници за учесниците во изградбата на новата концертна сала

DSC_0062

Во изградбата на овој комплексен објект во изминатите години е вложена голема посветеност, многу енергија и љубов, големо знаење на многу луѓе, голема поддршка на граѓаните, големо разбирање на политичките структури и најважното, голема љубов од сите нас, заедно ...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во новата концертна сала на Македонската филхармонија им додели благодарници на сите учесници, проектанти, ревизори, надзори, кои во изминатите седум години интензивно работеа на сите проекти што беа неопходни за изградбата на концертната сала.

- Во изградбата на овој комплексен објект во изминатите години е вложена голема посветеност, многу енергија и љубов, големо знаење на многу луѓе, голема поддршка на граѓаните, големо разбирање на политичките структури и најважното, голема љубов од сите нас, заедно - истакна Канческа-Милевска.

DSC_0032  

Во реализацијата на овој комплексен проект беа вклучени повеќе од 150 учесници, поединици, фирми, меѓу кои благодарници добија проектантите на основниот проект „Македонија проект“, стручниот надзор „Градежен институт Македонија“, ревидентите од „Ин пума“, изведувачите „Гранит“ и „Страбаг“ и сите останати компании кои беа вклучени во одредени сегменти од реализацијата на овој проект, како и  вработените во Секторот за инвестициски вложувања при Министерството за култура.

DSC_0091

Изградбата на новата зграда на Македонската филхармонија е уште еден капитален проект од програмата на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура, проект кој има исклучително значење за македонската култура и за нашата држава воопшто.

Во изминатите години беа реализирани голем број други инвестиции и капитални проекти кои ги унапредија условите за остварување на културата во нашата држава и овозможија промоција и афирмација на нашето богато културно наследство и  актуелно творештво.

DSC_0098

Беа изградени Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, грандиозното здание  на Археолошкиот  музеј  на Македонија, Порта Македонија, Спомен-домот на Мајка Тереза, доградбата на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, Спомен-домот на Тоше Проески, Театарот во Велес, Музејот на вода во Охрид, Спомен-домот на Татарчеви, а интензивно се работи и на многу други проекти кои ќе бидат промовирани пред јавноста во наредниот период. 

DSC_0108

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk