Хуманитарна изведба на мјузиклот „Тајно моја“ на Мајските оперски вечери

Tajno_moja_640_-1

„Тајно моја“ премиерно беше изведен во март годинава и е копродукција на Македонската опера и балет и фондацијата „Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ...

На програмата на фестивалот Мајски оперски вечери денеска и утре е мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, а со двете изведби Македонската опера и балет ќе се вклучи во хуманитарната акција #ситезагоце. МОБ најави дека приходот од продадените билети ќе биде дониран за лекување на Гоце Марковски, кој боледува од тумор на мозокот и му е потребна помош. 

За претставите со хуманитарен карактер билетите чинат 400 денари. Исто така, до 20 мај во фоајето на МОБ и во ТЦ Скопје Сити мол ќе бидат поставени кутии за донации, а може да се донира и телефонски, на Оне Вип 143 487 и на  Т-мобиле 143 122.

„Тајно моја“ премиерно беше изведен во март годинава и е копродукција на Македонската опера и балет и фондацијата „Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. Мјузиклот е поставен во годината кога се одбележува една деценија од неговата прерана и трагична смрт.

- Мјузиклот ја следи приказната на модерните македонски „Ромео и Јулија“. Време кога љубовта ги милува и освојува срцата преку нотите и стиховите на Тоше Проески, време кога се прашуваме дали љубовта и музиката се доволно моќни за да го спасат светот. Другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата за успех, стравот, а најмногу надежта и љубовта, се теми кои провејуваат во ова музичко-сценско дело базирано на голем број музички хитови на Проески, облагородени во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски и Кокан Димушевски. Според либретото на Огнен Неделковски, во режија на Тони Михајловски, во „Тајно моја“ првпат на оперската сцена блеснуваат младите ѕвезди од македонското музичко небо, соопшти МОБ. 

Диригент е Иван Еминовиќ, сценографијата е на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореографијата на Олга Панго. Настапуваат: Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Арна Шијак, Дејан Лилиќ, Тања Бојковска, Анастасија Аврамовска, Ристе Гавровски, Симеон Коруноски, Лазе Манасковски, Симон Манасковски, Лена Заткоска, Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, Калеша Џангаловска и балетските солисти Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева и Игор Веланоски.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk