Мегапопуларната виолинистка Ванеса Меј вечерва настапува во Скопје

Vanesa

Ванеса Меј Венкорн Николсон, професионално позната како Ванеса Меј, е британска мегапопуларна виолинистка. Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана „чудо од дете“, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња ...

Британската мегапопуларна виолинистка Ванеса Меј за првпат доаѓа во Македонија и вечерва ќе се претстави пред публиката во Вип арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Годинава тоа ќе биде нејзин единствен концерт во регионот. Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Македонската филхармонија.

Ванеса Меј Венкорн Николсон, професионално позната како Ванеса Меј, е британска мегапопуларна виолинистка. Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана „чудо од дете“, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња.

Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот „Violin Player“, формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на топ-листите во над 20 земји од светот. Првиот солистички концерт го има на само 9 години, а веќе на 10 години настапува со симфониски оркестар. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми. Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски. Особено остава впечаток со нејзината изведба на „Токата и фуга “ на Јохан Себастијан Бах во Д-мол, која е копирана низ целиот свет.

Ванеса е првиот изведувач на класичен инструмент номиниран за престижните БРИТ-награди со номинацијата „Најдобар женски изведувач“. Во 2006 година е рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми низ светот, што е вистинска реткост за еден виолинист.

На своите концерти Ванеса свири на два типа виолини, и тоа класичен модел на Guadagnini од 1961, чија вредност се проценува на 150 илјади фунти, и електрична виолина Zeta Jezz, со чија комбинација приредува едно незаборавно уживање на публиката насекаде низ светот.

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk