МОБ ќе ги одбележи Европските оперски денови

mob_1

Над 70 оперски институции од 18 држави, меѓу кои и Македонија, и оваа година ќе ги отворат своите врати од 5 до 14 мај за публиката нудејќи им содржини посветени и инспирирани од операта...

Македонската опера и балет со премиерата на детската оперета „Пролетна приказна“ од Стојан Стојков ќе ги прослави „Европските оперски денови 2017“. Премиерата е предвидена за 20 мај од 12 часот на малата сцена на МОБ. Режијата е на Трајко Јордановски и Теа Богатиновска, диригент на детскиот хор „Фалсето“.

Публиката ќе има можност оваа претстава да ја гледа на 20 и 21 мај од 12 часот на малата сцена на МОБ.

Детската оперета „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков го отсликува будењето на пролетта и природата. Музичкиот израз на делото кореспондира со естетските и технички елементи приспособени на возраста на децата од предучилишна и училишна возраст, а хармонските елементи во него се едноставни, со јасна тонална подлога.

Делото ги содржи сите формални елементи на жанрот опера: хор, солисти, дуети, балет и инструментална подлога, а во него авторот внесува и наратори кои ја водат приказната преку рецитативната форма.

– Повеќе од евидентна е потребата за создавање музичко-сценско дело за деца. Ваквата форма е дефицитарна не само кај нас туку и на интернационално ниво. Тргнувајќи од овој факт, јас се согласив да го создадам оваа музичко-сценско дело, кое се надевам ќе предизвика интерес кај нашата најмлада музичка публика - изјави диригентот Теа Богатиновска.

Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и има 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура.

Главна активност на малите хористи е учеството во оперските претстави на големата сцена каде што тие добиваат можност да настапат рамо до рамо со реномирани уметници.

Европските оперски денови се посветени на прославување на операта и нудат можност да се посетат оперските институции. Тоа е иницијатива на Opera Europa, европска организација за професионални оперски компании и фестивали и RESEO, Европска мрежа за оперско-балетска едукација.

Соработката меѓу МОБ и Opera Europa почна во 2008 година.

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk