Изложба на стари фотографии на Скопје во Бурса

drzaven_5-001

На овој културен настан како претставник од Министерството за култура присуствуваше државниот секретар Бехиџудин Шехаби. Покрај државниот секретар Шехаби, присуствуваа и Ирина Кротокова од Секторот за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО и Даниела Николова од Музејот на Македонија како куратор на изложбата и носител на проектот ...

Во рамките на проектот поддржан во Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија од меѓународна дејност, во Бурса, Република Турција, во соработка со локалната и општинската власт беше организирана изложба на стари фотографии на Скопје.

На овој културен настан како претставник од Министерството за култура присуствуваше државниот секретар Бехиџудин Шехаби. Покрај државниот секретар Шехаби, присуствуваа и Ирина Кротокова од Секторот за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО и Даниела Николова од Музејот на Македонија како куратор на изложбата и носител на проектот.

drzaven_3-001

Во прекрасниот амбиент на Стариот амам во Бурса кој е преадаптиран во галериски простор честа да ја отоворат изложбата им припадна на градоначалникот на градот Бурса, г. Реџеп Алтепе, и на државниот секретар во Министерството за култура на РМ, г. Бехиџудин Шехаби.

drzaven_nova_2-002

Двајцата претставници на збратимените градови Бурса и Скопје во своите обраќања говореа и за книгата „Спомен за Скопје“, напишана од државниот секретар Бехиџудин Шехаби и Даниела Николова од Музејот на Македонија, а финансиски поддржана од градот Бурса.

drzaven_1-001

Во обраќањата на градоначалникот и на државниот секретар, особено беше потенцирана сличноста на двата града и културните вредности што ги поседуваат, а датираат од османлискиот период. И двајцата се сложија дека сличноста меѓу овие два збратимени града најмногу доаѓа до израз кога се споредуваат старите фотографии од Бурса со старо Скопје.

drzaven_2-001

Градоначалникот Реџеп Алтепе и државниот секретар Бехиџудин Шехаби на крајот подвлекоа дека и во иднина ќе продолжи соработката меѓу овие два града особено на полето на културните активности, кои ќе бидат во интерес на зацврстување на односите меѓу овие две држави за што поголема афирмација не само на полето на културата туку и во останатите сфери на живеењето. 

drzaven_nova_1-001




kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk