Отворена изложба на плакати на Михајло Арсовски, еден од најавтентичните претставници на графичкиот дизајн

izlozba_3-001

Оваа изложба е прва од низата настани кои ќе се реализираат во наредниот период во рамките на проектот „Заборавените македонски уметници“ преку кој Музејот на современата уметност ќе им оддаде почит и внимание на македонските автори кои целиот свој уметнички влог и професионален ангажман го вложиле во градењето на уметничката сцена надвор од татковината ...

Во Музејот на современата уметност вечерва во присуство на многубројни гости, меѓу кои и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беше отворена изложбата на плакати на еден од најавтентичните и најрелевантни претставници на графичкиот дизајн од 60-тите години на минатиот век, Михаjло Арсовски.

Izlozba_1-001

Оваа изложба е прва од низата настани кои ќе се реализираат во наредниот период во рамките на проектот „Заборавените македонски уметници“ преку кој Музејот на современата уметност ќе им оддаде почит и внимание на македонските автори кои целиот свој уметнички влог и професионален ангажман го вложиле во градењето на уметничката сцена надвор од татковината.

Izlozba_6-001

На изложбата се презентирани дела од збирката плакати на Музејот на современата уметност од Загреб на авторот Арсовски, кои за првпат се претставуваат пред македонската публика и се сведоштво за високите стандарди на графичкиот дизајн на Михаjло Арсовски, кој е автор  што пленува со својата креативност, суптилност, едноставност, слободата во фантазијата.

Izlozba_4-001

Забележани ќе останат неговите идејни решенија за театарот ИТД од Загреб, чиј опус брои над 200 плакати, потоа неговите вредни дизајнерски решенија за многубројни книжевни изданија, графички мапи, корици за плочи, магазини, во кои раскошната експресивна типографија ја надополнува со строги функционални решенија, она што е можеби најголем дострел во локалниот дизајн.

Izlozba_9-001

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk