Презентација на бугарското издание на „Јавна и културна дипломатија“ од Васко Шутаров во Софија

Sutarov_1

Книгата ќе ја претстават Марјан Ѓорчев, амбасадор на Македонија во Бугарија; Дејана Данаилова, директорка на Дирекцијата „Меѓународни и регионални дејности” во бугарското Министерство за култура и Пламен Тотев од издавачката куќа „Изида”, а обраќање ќе има и авторот на книгата, Васко Шутаров ...

Во Галеријата „Средец" во Министерството за култура на Бугарија денеска ќе биде претставено бугарското издание на книгата „Јавна и културна дипломатија“ од Васко Шутаров. Книгата на македонскиот пазар беше објавена во 2014 година од книгоиздателството „Панили“, а во Бугарија ја издаде книгоиздателството „Изида“ минатата година.

Книгата ќе ја претстават Марјан Ѓорчев, амбасадор на Македонија во Бугарија; Дејана Данаилова, директорка на Дирекцијата „Меѓународни и регионални дејности” во бугарското Министерство за култура и Пламен Тотев од издавачката куќа „Изида”, а обраќање ќе има и авторот на книгата, Васко Шутаров.

Акцентот во оваа книга е на културната дипломатија, која е стара колку и самата дипломатија, но своите најдобри практики ги стекнува во минатиот век. Позната и како меѓународна културна соработка, преку содржините, формите и инструментите на културата, културната дипломатија во 21 век, станува не само неодвоив дел од дипломатските практики и акции на сите современи држави, туку и еден од нивните најефектни и најсигурни столбови во остварувањето на целите на надворешните политики.

Културната дипломатија може да создава партнерства и пријателства, наклонетост и симпатии меѓу странските аудиториуми, преку моќта на културата, нејзината естетика, но и специфична емоција. Ја нарекуваат и „мека“ или „интелигентна моќ“ во дипломатијата. Преку книжевноста, музиката, ликовната уметност, театарот, операта, балетот, филмот, индустриите за забава, креативните индустрии, до културните содржини во дигиталните медиуми и огромното виртуелно пространство, културната дипломатија може во секое време и на секое место да допре со своите пораки, до секого.

Преку анализа на културните дипломатии на над 30 земји, во книгата се претставени и најдобрите културно-дипломатски практики од времето на Студената војна, до денешни дни. Најдобри културни практики се токму оние што успеваат да создадат мостови на пријателства и партнерства, како меѓу блиските, така и меѓу најдалечните и меѓусебно непознати култури. Какви се перспективите на културната дипломатија, кои се нејзините инструменти во процесите на брендирање и препознатливост на одредени држави, какви се нејзините релации со економската дипломатија, се дел од одговорите кои можете да ги пронајдете во оваа книга. Книгата е интересно четиво или патоказ за сите оние што се занимаваат со културна дипломатија или културна промоција, но и за сите оние што имаат интерес за културата и дипломатијата воопшто.

Авторот на книгата Васко Шутаров е директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, поранешен пратеник во македонското Собрание (2006-2011) и претседател на собраниската Комисија за култура (2009-2011).

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk