Министерката за култура во посета на Албанскиот театар

DSC_0057-002

Станува збор за прв голем зафат за целосна реконструкција на Театарот, по повеќе од 40 години од постоењето на објектот, за чија реализација е задолжена италијанската фирма „Скиентиа СРЛ“. Во изминатиот период се работеше на изведба на сценската технологија, се финализира изведбата на фасадата во пациото на објектот, електричните инсталации и се поставуваа вентилациски канали за машинските инсталации ...

Министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска денеска го посети Албанскиот театар во Скопје каде што интензивно се работи на реконструкцијата на објектот, кој се очекува да биде завршен до крајот на годинава.

За време на посетата, Канческа-Милевска истакна дека со ентериерната и екстериерната обнова и реконструкција на зградата на Албанскиот театар,чија вкупна површина изнесува околу 4.300 м2, ќе се добие современ објект со две сали, опремен со најсовремена сценска технологија согласно со постојните стандарди, како и внатрешна функционална реорганизација на објектот.

DSC_0010-002 

-Станува збор за прв голем зафат за целосна реконструкција на Театарот, по повеќе од 40 години од постоењето на објектот, за чија реализација е задолжена италијанската фирма „Скиентиа СРЛ“. Во изминатиот период се работеше на изведба на сценската технологија, се финализира изведбата на фасадата во пациото на објектот, електричните инсталации и се поставуваа вентилациски канали за машинските инсталации - рече Канческа-Милевска.

DSC_0071-002

Таа додаде дека со реконструкцијата на зградата на Албанскиот  театар,  која се очекува да биде завршена до крајот на годинава,  овој објект ќе биде ново место каде што уметниците ќе го збогатуваат мултикултурниот мозаик на нашата држава.

DSC_0091-002 

DSC_0043-001

DSC_0078-002

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia