Младата и талентирана Бојана Арсовска на Меѓународниот натпревар по балет „Доменико Модуњо“ во Лече, Италија

Balerina_640_-1

Натпреварот се одржуваше во реномираниот театар „Teatro Politeama Greco“ во Лече и имаше два дела: натпреварувачки и едукативен дел ...

Младата и талентирана ученичка по балет Бојана Арсовска од 23 до 27 март годинава учествуваше на Меѓународниот натпревар по класичен и современ балет „Доменико Модуњо“ во Лече, Италија, како единствена претставничка во својата категорија од Македонија. На ова значајно натпреварување, кое беше поддржано и од Министерството за култура, Бојана Арсовска се претстави со варијации и во класичен и во современ балет, а под менторство на нејзината професорка Лора Тарчуговска.

На Меѓународниот натпревар учествуваа 240 натпреварувачи од 24 земји, меѓу кои: Бугарија, Чешка, Египет, Франција, Германија, Грција, Италија, Јапонија, Литванија, Полска, Португалија, Република Македонија, Романија, Русија, Украина, САД и др. Меѓу другото, натпреварот беше значаен и од аспект што Бојана Арсовска настапи под уставното име на нашата држава – Република Македонија.

Balerina_640_-4

Натпреварот се одржуваше во реномираниот театар „Teatro Politeama Greco“ во Лече и имаше два дела: натпреварувачки и едукативен дел.

Натпреварувачкиот дел се состоеше од натпреварување во класичен и натпреварување во современ балет, каде што Бојана Арсовска достојно и високопрофесионално се претстави со варијациите „Заспаната убавица“ од Чајковски и „Без светла“ од Елиот Мос, а во кореографија на Тијана Тарчуговска.

Balerina_640_-3

Едукативниот дел се состоеше од 3 исклучително важни семинари т.е. работилници по танц, со цел учесниците да научат нови начини и техники на играње и воедно да го подобрат својот квалитет во областа на танцот.

Дека натпреварот е особено значаен говори и податокот дека жири-комисијата ја сочинуваа истакнати педагози и уметнички директори на реномирани театри и школи од Италија, Русија, Австрија, Романија, Јапонија итн.

Поддршката од Министерството за култура за Бојана Арсовска претставуваше голема  мотивација за успешно претставување и поттик за уште поголеми успеси во нејзината балетска кариера.

Balerina_640_-2        

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia