Изложба на графики на Теута Хоџа Имери во Њујорк

Станува збор за проект кој е дел од годишната програма на Националната галерија на Македонија, во рамките на меѓународната соработка, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија ...

Во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД (Gallery MC New York) во текот на овој месец ќе биде отворена изложба на графики на уметницата Теута Хоџа Имери. Станува збор за проект кој е дел од годишната програма на Националната галерија на Македонија, во рамките на меѓународната соработка, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Љупчо Маленков, виш кустос, во освртот за изложбата и творештвото на Имери наведува дека „нејзиниот апстрактно конципиран графички израз претставува авторефлексивна, автореферентна слика на жена-мајка, жена-сопруга и жена-творец“.

- Во оваа тријада, таа се обидува да го актуелизира и прашањето за сопствениот идентитет во длабоко втемелената општествена хиерархија... Уметноста на Теута Хоџа Имери, без сомнение, претставува лирска експресија на интимно доживеаното искуство. Секоја графика поединечно претставува тивка софистицирана визуелна ламентација, која низ нејзините хронолошки емотивни состојби се прелева и прогресира од една графика во друга. Автобиографското писмо на Теута претставува визуелно преведување на нејзиниот личен став низ различните животни мени... - наведува Маленков.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk