Уште едно прво место за Мустафаоглу на интернационален натпревар по пијано

Pijanist_2

Арда Мустафаоглу е млад пијанист кој учи во ДМБУЦ „Илија Николовски–Луј“ во Скопје. Досега има освојувано први места на голем број меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија, како и на интернетски меѓународни натпревари по пијано...

Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на осмиот интернационален натпревар на млади музичари „Антонио Салиери” кој се одржуваше од триесетти март до втори април во Легнаго-Верона (Италија). Педесет и шест млади пијанисти од Кина, Швајцарија, Италија, Летонија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Албанија беа оценувани од интернационалното жири во состав: Giorgio Lovato, Teresa Trevisan, Salvatore Spanò, Pasquale Iannone и Valentina Berman (Џорџо Ловато, Тереза Тревисан, Салваторе Спано, Паскале Ианон и Валентина Берман). Според оценките на жирито, нашиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место во категоријата на пијанисти до петнаесет години.
Pijanist_1
Арда Мустафаоглу е млад пијанист кој учи во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Досега има освојувано први места на голем број меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија, како и на интернетски меѓународни натпревари по пијано. Редовно настапува на годишните и новогодишните концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски–Луј“, има солистички концерти и настапува со Македонската филхармонија.
kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk