Канческа-Милевска се сретна со амбасадорката на Турција, Тулин Еркал Кара

Turski_ambasador_3-001

Двете соговорнички се согласија дека добрата културна соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период кога ќе се реализираат многубројни проекти и активности меѓу институциите во Република Македонија и во Република Турција, која е вистински пријател и поддржувач на нашата земја ...

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара. На средбата, двете соговорнички се согласија дека Република Македонија и Република Турција имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. На средбата, меѓу другото, стана збор и за новата Програма за културна соработка, со чие потпишување дополнително ќе се продлабочат релациите во областа на културата меѓу двете земји.

Министерката за култура Канческа-Милевска потсети дека постои континуирано претставување на македонската култура во Република Турција, но значаен е и бројот на содржините со кои турската култура се претставува во нашата земја. Соговорничките ја поздравија и досегашната успешна соработка меѓу институциите од областа на културата, како и реализацијата на заедничките проекти, меѓу кои е и израдбата на Турскиот театар, проект кој е од особено значење за турската заедница во нашата земја, со што ќе се овозможи Театарот да ги презентира своите уметнички креации во нов објект, изграден според сите светски стандарди. Канческа-Милевска потсети дека по тој повод пред извесен период гости во Република Македонија беа и претставници од државните театри на Турција предводени од директорот Ерџан Серин, кои со македонските претставници разговараа за интензивирање на изградбата на новиот објект на овој театар, во која ќе партиципира и турската влада.

Turski_ambasador_1-001

На средбата, на која беше присутен и в.д. директорот на Институтот Јунус Емре - Скопје, Фуат Коркмаз, турската амбасадорка информираше дека при крај се активностите за изработка на проектот за реставрација на споменикот на културата Куршумли ан, каде што ќе функционира Турскиот културен центар, а по целосната изработка на проектот, тој ќе биде доставен до надлежните установи во нашата земја. Таа изрази уверување дека Куршумли ан ќе биде место каде што во иднина ќе се презентираат разновидни содржини од сите дејности на културата преку кои ќе се промовираат турските културни вредности во нашата земја.

Двете соговорнички се согласија дека добрата културна соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период кога ќе се реализираат многубројни проекти и активности меѓу институциите во Република Македонија и во Република Турција, која е вистински пријател и поддржувач на нашата земја.

Turski_ambasador_2-001

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk