Повторно награда за македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу

 Pijanist_1

Досега има освојувано први места на голем број меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија, како и на интернетски меѓународни натпревари по пијано ...

На интернационалниот пијанистички натпревар „Sirmium Music Fest“ кој се одржа од 16 до 19 март во Сремска Митровица (Србија), во конкуренција од 125 пијанисти од Русија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Србија, македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место и е проглесен за лауреат на натпреварот во категорија на постари пијанисти од основните училишта.
Натпреварувачите ги оценуваше меѓународно жири составено од еминентни педагози и пијанисти во состав: Густаво Зака (Аргентина), Владимир Млинариќ (Словенија), Ѓорѓе Станети и Леа Шантек (Хрватска), Снежана Вулета Поповиќ (Босна и Херцеговина), Милан Миладиновиќ и Милица Продановиќ (Србија).
Арда Мустафаоглу е млад пијанист кој го завршува основното музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски–Луј“ во Скопје во класата на м-р Самира Мустафаоглу. Досега има освојувано први места на голем број меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија, како и на интернетски меѓународни натпревари по пијано.
kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk