Фестивалот „Макфест“ ќе се одржи во октомври

Makfest

Фестивалот „Макфест“ и оваа година финансиски е поддржан од Министерствoто за култура ...

Фестивалот на забавна музика „Макфест“, наместо во јуни, годинава ќе се одржи во октомври.

Директорот на фестивалот „Макфест“ Љупчо Мирковски на прес-конференција рече дека до пред неколку години обичај беше фестивалот да се одржува токму во октомври, а стариот датум се враќа по барање на штипјани. Жири-комисијата на фестивалот од денеска почнува со преслушување на композициите кои се пристигнати на конкурсот.

– Можам да кажам дека сме мошне задоволни од пристигнатата бројка на композиции. Пристигнати се некаде околу 140 песни, дел од нив се од домашни, а дел од странски автори. Тоа е благодарејќи на она што го правевме минатата година со странските изведувачи по што малку се прошири веста низ Европа дека овде има фестивал кој заслужува внимание - рече Мирковски.

Тој посочи дека се пристигнати песни од Киргистан, Белорусија, Шведска, Норвешка, Германија, Куба и од Шпанија. Фестивалот „Макфест“ ќе се одржи на 5, 6 и 7 октомври. Првите две вечери се полуфинални и на нив ќе настапат и домашни и странски изведувачи, а третата на 7 октомври е финална вечер.

Мирковски најави дека ќе имаат новини во делот на гласањето, а наградите за најдобрите изведувачи и композиции остануваат исти, односно првата награда носи 10 000 евра, втората 7 500 евра, а третата 5 000 евра.

Фестивалот „Макфест“ и оваа година финансиски е поддржан од Министерството за култура.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk