Македонскиот накит низ вековите на изложба во Археолошкиот музеј

Arheoloski_muzej

По повод Меѓународниот ден на жената,  Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе ја отвори за јавност изложбата „Накитот низ вековите од Република Македонија“, која досега беше претставена во Софија и во Њујорк ...

- Во 2015 во Бугарија и во 2016 во САД, изложбата привлече големо внимание и интерес во земјава и странство. Со цел да излеземе во пресрет на македонската јавност, таа ќе може да се види и во Скопје - соопшти Археолошкиот музеј. 

На изложбата ќе бидат презентирани 68 копии од експонати кои претставуваат сведоштво за културниот континуитет и идентитет, уметничките тенденции и иновативниот дух на луѓето кои егзистирале на оваа територија од времето на праисторијата до крајот на  20 век или речиси девет илјади години континуитет.

Ќе бидат презентирани и неколку копии на тоалетни сетови за етерични масла, шминка и кутии за накит, а идејната концепција ќе ја надополнат и адекватно одбраните теракотни антропоморфни фигурини на кои изворно се претставени  украсни елементи.

Експонатите ќе бидат изложени во пет витрини. Изложбата дополнително ќе биде збогатена со илустративно-едукативен материјал - банери, постери, видеопроекции, легенди и каталог.


obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk