Промоција на монографија и документарен филм за „Копачката“

Kopacka_1

По повод двегодишнината од впишувањето на „Копачката“ во УНЕСКО, денеска во Спомен-домот АСНОМ во Делчево пред многубројна публика и гости од Министерството за култура, беа промовирани овие два значајни документи кои ќе останат да сведочат на идните генерации за живото оро „Копачка“ кое со векови се игра на овие простори ...

Патот на орото „Копачка“, од соборот во Драмче преку многубројните домашни и светски фестивали, па се до УНЕСКО, доби своја монографија и документарен филм.

По повод двегодишнината од впишувањето на „Копачката“ во УНЕСКО, денеска во Спомен-домот АСНОМ во Делчево пред многубројна публика и гости од Министерството за култура, беа промовирани овие два значајни документи кои ќе останат да сведочат на идните генерации за живото оро „Копачка“ кое со векови се игра на овие простори. Авторот на монографијата Димитар Узунски, кој 58 години ја води „Копачката“ на фолклорната сцена, своите спомени, стари фотографии, згоди и незгоди, ги преточи во првата монографија за „Копачката“.

- Посебно сум горд што успеав да истраам и да ги сочувам и документирам сите мои спомени поврзани од „Копачката“. Уште во 1960 година, кога првпат ги видов старите игроорци како ја играат „Копачката“ на една свадба во селото Драмче и како одекнуваа тапаните од околните ридови, бев сигурен дека таа уметност на тапанџиите и на игроорците заслужува добра промоција и дава перспектива да излезе орото „Копачка“ и надвор од Пијанец - рече Узунски.

Тој додаде дека грижливо ги чувал сите фотографии од нивните настапи, сите натписи во весници, а на монографијата работел цел живот.

Монографијата и документарниот филм се документи кои остануваат на идните генерации, потенцираа рецензентите на монографијата м-р Ивона Опетчевска-Татарчевска од Управата за заштита на културното наследство и д-р Велика Стојкова-Серафимовска, од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

- Од посебно значење е монографијата на авторот Димитар Узунски бидејќи го претставува неговиот животен пат со „Копачката“, од неговото запознавање со „Копачката“ и до ден-денешен она што го поминува со неа. Станува збор за исклучително богата монографија со многу прецизно водена архива и ние сме исклучително среќни што имаме можност да ја промовираме - истакна м-р Ивона Опетчевска-Татарчевска. 

За д-р Велика Стојкова-Серафимовска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и двата производа и филмот и книгата се од огромно значење за архивирање на целиот процес на впишување на „Копачката“ во УНЕСКО.

- Ние сме горди на „Копачката“ и на Делчево, бидејќи се сфати вредноста на овој чин на впишување во УНЕСКО. Тоа може да се види и во самиот филм кој претставува на еден начин видеодокументиран материјал за целиот процес кој траеше од 2010 година, но и многу порано од кога се роди иницијативата. Овој филм може да ни го покаже моментот на упорност, посветеност и љубов, дека она што се предлага за УНЕСКО е заслужно и вредно да влезе на оваа репрезентативна листа - рече Стојкова-Серафимовска.

- „Копачката“ сега е пред предизвик да се докаже одржливоста на орото - истакна Перса Стојановска, секретар на Здруженето „Копачка“.

- Ние и годинава со поддршка на Министерството за култура ќе работиме на низа проекти со кои докажуваме дека орото „Копачка“ е живо оро. Еден од нив е и „Копачката и соборите“, каде на терен ќе ги следиме сите модофикации на орото по што планираме да издадеме уште една публикација - рече Стојановска.

По повод двегодишнината од „Копачката“ во УНЕСКО, на поединци и фирми поддржувачи на „Копачката“ им беа доделени благодарници. Благодарница доби и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk