За првпат во Македонија најпознатата виолинистка на сите времиња - Ванеса Меј

Violinistka_2

Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми. Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски ...

Eдна од најпознатите виолинистки на сите времиња, Ванеса Меј Венкорн Николсон, на 15 мај во Вип арена „Борис Трајковски“ во Скопје за првпат ќе се претстави пред македонската публика. Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Македонската филхармонија.

Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби, уште на свои 16 години, Ванеса Меј ги поместува музичките граници кога го објавува албумот „Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на топ-листите во над 20 земји од светот.

Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми. Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски.

Violinista_1

Особено остава впечаток со нејзината изведба на „Toccata and Fugue” на Јохан Себастијан Бах во Д Мол, која е копирана низ целиот свет.

Ванеса е првиот изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата „Најдобар женски изведувач”. На своите концерти Ванеса свири на два типа виолини, и тоа, класичен модел на Guadagnini од 1961 чија вредност се проценува на 150 илјади фунти и електрична виолина Zeta Јеzz, со чија комбинација приредува едно незаборавно уживање на публиката насекаде низ светот.

Билетите за концертот кои се во ограничен број, ќе бидат пуштени во продажба од среда (8.3.2017), на сите продажни места на Купи карти за се низ цела Македонија, Пола Југотон и Цвеќара “Розе” - Веро 2.

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk