Министерката Канческа-Милевска во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија

Вечер, во рамките на Берлинскиот филмски фестивал, Канческа-Милевска ќе присуствува на светската премиера на новиот македонски филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевска во продукција на „Сестри и брат Митевски“. Филмот, кој е македонско-белгиско-словенечка копродукција, ќе биде прикажан во салата „Зоо Паласт“, во рамките на програмата „Панорама“ ...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што претпладнево ќе го посети Прима-центарот во Берлин и ќе оствари средба со директорот Јован Балов. Галеријата на Прима-центарот е култно место во Берлин кое функционира во рамките на Здружението на интернационални уметнички галерии на Берлин „Колони вединг“, кое во изминатите 4 години има освоено 8 први гранд награди на Берлинскиот совет за култура, за стимулација и поддршка на независни проекти. Досега со поддршка од Министерството за култура во овој културен центар се претставија над 90 уметници, млади и талентирани македонски автори кои во последните  8 години реализираа повеќе од 40 самостојни или групни изложби. На средбата Канческа-Милевска и Балов ќе се осврнат на сите досегашни активности во овој центар, но и на идните планови за интензивна промоција на македонската култура и уметност во овој реномиран простор. Оваа, 2017 година во Прима-центарот ќе се претстават македонските автори: Сашо Блажевски, Михаела Јовановска, Кристина Божурска, Дарко Талевски и Ангел Миов.

Во рамките на посетата на Берлин, каде што во моментов се одржува 67-то издание на Берлинскиот филмски фестивал, Канческа-Милевска, заедно со директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија Мими Ѓоргоска-Илиевска, денеска ќе оствари средба и со извршниот директор на европскиот фонд за копродукции Еуроимаж, Роберто Ола. Министерката за култура ќе се сретне и со директорот  на Европската филмска академија Марион Доринг, со селекторот на Фестивалот Николај Никитин, со Мариа Троколи од Директоратот за филмска продукција при Министерството за културно наследство и туризам на Република Италија, како и со директорите на Израелскиот, Српскиот и Бугарскиот  филмски фонд . На средбите ќе бидат разгледани можностите за соработка, копродукции, промоција и презентација на македонската кинематографија во Европа и во светот.

За време на посетата Канческа-Милевска ќе оствари средба и со Беки Пропст, претседател на Европскиот филмски маркет, во чии рамки македонската Агенција за филм континуирано, низ годините, ја презентира македонската кинематографија, но и сите поволности што ги нуди нашата земја во областа на  филмската дејност.

Вечер, во рамките на Берлинскиот филмски фестивал, Канческа-Милевска ќе присуствува на светската премиера на новиот македонски филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевска во продукција на „Сестри и брат Митевски“. Филмот, кој е македонско-белгиско-словенечка копродукција, ќе биде прикажан во салата „Зоо Паласт“, во рамките на програмата „Панорама“. Вчеравечер на Берлиналето во истата програма беше прикажан и филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“  во српско-бугарско-македонска копродукција по сценарио и режија на Бојан Булетиќ.

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk