Средба на министерката Канческа-Милевска со делегација од државните театри на Турција

Turska_delegacija_640_-1

Повод за посетата е минатонеделната билатерална средба на министрите за култура на Република Македонија и на Република Турција, Елизабета Канческа-Милевска и Наби Авчи, на која, меѓу другото, стана збор и за  интензивирање на изградбата на новиот објект на Турскиот театар - Скопје во која ќе партиципира и турската влада ...

Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со делегација од државните театри на Турција предводена од директорот Ерџан Серин, која деновиве престојува во нашата земја.

Повод за посетата е минатонеделната билатерална средба на министрите за култура на Република Македонија и на Република Турција, Елизабета Канческа-Милевска и Наби Авчи, на која, меѓу другото, стана збор и за интензивирање на изградбата на новиот објект на Турскиот театар - Скопје во која ќе партиципира и турската влада.

На средбата Канческа-Милевска изрази благодарност до својот турски колега за големата посветеност во реализацијата на културната соработка, која наскоро ќе биде потврдена и со потпишување на новата програма за соработка меѓу двете земји.

Turska_delegacija_640_-6

Гостите од Турција, потврдувајќи ја традиционално одличната соработка во сите сегменти од областа на културата, ја информираа министерката за култура за извршениот увид во изградбата на Турскиот театар, како и за обезбедувањето на сите технички информации кои ќе послужат за преземање следни чекори во изградбата на објектот.

На средбата, на која присуствуваше и директорот на Турскиот театар Атила Клинче, беше оценето дека реализацијата на проектот е од особено значење и треба што поскоро да се заврши со што ќе се овозможи Театарот да ги презентира своите уметнички креации во нов објект изграден според сите светски стандарди.

Turska_delegacija_640_-5

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia