„Зимско патување“, рецитал на Благој Нацоски во МОБ

Првите две вечери се составени од Шубертова програма со оркестар, а третата вечер ќе биде со циклусот „Зимско патување“. Има покана и за фестивал во Савона. На 22 април ќе има концерт во Прага, а сите други продукции ќе бидат во Италија...

„Зимско патување“ е рециталот на македонскиот тенор и амбасадор на културата Благој Нацоски, кој ќе се одржи в петок на големата сцена во Македонската опера и балет. 

Благој Нацоски ќе го изведе циклусот „Зимско патување“ од Франц Шуберт, во пијано-придружба на Дино Имери и режија на Дејан Прошев. 

Нацоски на денешната прес-конференција информира дека се работи за циклус од 24 соло-песни кои ќе ги изведе првпат во својата дејност. „Зимско патување“ е последниот циклус кој го напишал Шуберт во неговиот живот. Тој претставува еден од неговите најпознати циклуси и еден од најпознатите циклуси за глас и пијано во цела музичка литература. 

- Циклусот првпат ќе биде изведен во Македонија. Досега интегрално никогаш не бил изведен и за мене тоа претставува уште поголема одговорност и задоволство. Се работи за еден маж кој ја изгубил својата љубов и скита во зимски период, наидувајќи на различни случки и на некој начин како да го бара својот пат. Многумина различно го интерпретираат тоа, дали го бара својот пат кон вечниот дом, саканата, својот мир - рече Нацоски.

Тој потенцира дека во циклусот Шуберт го издигнува пијаното до рамноправност со гласот и додаде оти затоа треба да се нарече дует меѓу глас и пијано. 

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Дино Имери е наш млад и доста успешен пијанист, кој потекнува од важна пијанистичка школа, како во Средното музичко училиште така и на Факултетот за музичка уметност, почнувајќи од Романови па потоа кај Симон Трпчески.

- Освен неговата талентираност, технички е доволно подготвен за да може да го совлада овој циклус - потенцира Нацоски. 

Тој најави дека на 12, 13 и 14 мај годинава ќе изведе три Шубертови вечери во Палермо, Италија. Првите две вечери се составени од Шубертова програма со оркестар, а третата вечер ќе биде со циклусот „Зимско патување“. Има покана и за фестивал во Савона. На 22 април ќе има концерт во Прага, а сите други продукции ќе бидат во Италија. По рециталот ќе остане во Скопје, каде што на понуда од МОБ ќе отпее две различни опери - „Дон Џовани“ и „Севилскиот бербер“. Првпат годинава ќе настапи и на Деновите на македонската музика во април. 

Билетите за рециталот веќе се пуштени во продажба.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk