„Трудна приказна“ утре премиерно во Театар „Комедија“

Komedija_640_-1

Темата на проектот е кршење на традицијата и овој текст е дел од тој проект. Мислиме дека традицијата како една од основните теми во театарот може да ја разгледаме на еден современ, постмодерен, свеж начин и со млади авторски екипи и актери да стигнеме до очекувани резулати кои ќе го збогатат нашиот репертоар ...

Театар „Комедија“ утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Трудна приказна“ по текст на Благица Секулоска, а во режија на Лидија Дедовиќ од Црна Гора. 

Уметничкиот директор на Театар „Комедија“ Андреј Цветановски на денешната прес-конференција ја соопшти програмата која ќе ја работат годинава, односно класици на комедијата. „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир е предвидена за 27 март со што ќе се одбележи петтиот роденден на Театар „Комедија“, а следуваат „Човек, ѕвер и крепост“ во режија на Нени Делместре, од авторот Луиџи Пирандело и „Микс Чехов“ во режија на младите Димче Николовски и Теа Беговска од Драмски театар и „Развратникот“ од Ерих Емануел Шмит, а во режија на Здравко Митков. 

Предвидено е Театар „Комедија“ годинава да учествува на два фестивала со „Случајот Хармс“ - на „Нитра фест“ во Нитра, Словачка и на „Сараевска зима“.

Цветановски истакна дека „Трудна приказна“ е поддржана од Министерството за култура и е дел од проект почнат во 2016 година со Црна Гора.

Komedija_640_-2  

- Темата на проектот е кршење на традицијата и овој текст е дел од тој проект. Мислиме дека традицијата како една од основните теми во театарот може да ја разгледаме на еден современ, постмодерен, свеж начин и со млади авторски екипи и актери да стигнеме до очекувани резулати кои ќе го збогатат нашиот репертоар - рече Цветановски. 

Дедовиќ, која е уметнички директор на театарот во Цетиње, истакна дека прва и единствена тема која сакале да ја актуелизираат е традицијата и модерното време. Според неа, исто така, важно било и соочување со други важни теми како младиот човек, жена, проблемот на раѓање, технолошки манипулации, политичка бесмисла...

Благица Секулоска нагласи дека овој текст е препрочитување на традицијата и на македонската драматургија. 

- Успеав да најдам женски карактери кои се во слична или идентична ситуација. Секоја од овие жени - Ленче, Неда и Цвета - е во љубовен триаголник во оригиналните драми. И како потенцијален проблем во тие драми, од тоа што имаат проблеми со општествено уредување и традиција не можат да затруднат - рече Секуловска.

Komedija_640_-4

Таа рече дека ја искористила постмодерната, ги преземала овие драмски ликови и ги ставила во поинаков контекст, во 2032 година. Нагласи дека на ликовите им дава можност да се ослободат од стегите на традицијата и да забременат. 

- За мене клучната порака беше - да се вратиме кон традицијата, да ги преиспитаме вредностите, да се вратиме кон природата и да го продолжуваме коренот и родот - рече Секулоска. 

Во претставата играат Јелена Жугиќ, Елизабета Стефановска, Ева Скендеровска, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски-Тино, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски, Иле Илиоски, Столе Мицов и Едмонд Сотир. 

Костимографијата е на Марта Дојчиновска, музиката на Димитар Андоновски, а сценографијата на Милан Несторов, Сергеј Светозарев и Лидија Дедовиќ.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk