Голем број манифестации годинава во Центарот за култура во Куманово

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ минатата година имало околу 35 000 посетители на концерти, литературни читања, промоции... Лани во установата биле реализирани шест концерти, 28 изложби, 20-ина литературни читања и голем број гостувања ...

Целосна реализација на проектите и програмските содржини опфатени во годишната програма на Министерството за култура очекуваат надлежните од НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Тие се надеваат на уште поголема посетеност од граѓаните на сите манифестации кои се одржуваат во Центарот за култура и во Театарот кои се дел од Националната установа.

- Пред се, задоволни сме од најавата дека не очекува целосно реновирање на кумановскиот театар по подолго време, тоа го издвојуваме од годишната програма како најзначајна вест за нас - изјави директорот на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Костовски.

Програмските содржини опфатени во програмата се разновидни, наменети за различни вкусови и генерации, сметаат надлежните и очекуваат уште поголема посетеност на манифестациите кои се реализираат во двете установи.

- Изложби, концерти, издавачка дејност, литературна дејност, драмска, фолклорна, сите области што ние ги работиме преку матичните форми се опфатени во програмата, така што и на она што е предвидено со годишната програма на Министерството, но и со наши сопствени сили ќе се трудиме да ја направиме богата сезонава - додаде Костовски.

Во изминатата 2016 година близу 50 000 гледачи ги проследиле програмските содржини во Театарот и во Центарот за култура.

- Имавме 104 претстави во Театарот на македонски и на албански јазик, 90 на македонски, 24 на албански - изјави Костовски.

Кумановскиот театар во сопствена продукција годинава ќе реализира три претстави, од кои една комедија која ќе биде презентирана пред публиката на годинешниве 20-ти по ред јубилејни „Денови на комедија“. Пред кумановци ќе бидат изведени пет премиери.

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ минатата година имало околу 35 000 посетители на концерти, литературни читања, промоции... Лани во установата биле реализирани шест концерти, 28 изложби, 20-ина литературни читања и голем број гостувања.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk