Ќе се реновира Центарот за култура во Кочани

Минатата година НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани реализираше вкупно 90 културни манифестации од различни области ...

Со буџетски средства на Министерството за култура, ќе започне реконструкцијата на зградата на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани. Градежните работи ќе се реализираат во два дела. Во првата фаза ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е граден во далечната 1950 година.

- Обновата на Центарот ја очекуваме со големо нетрпение бидејќи ќе бидат создадени услови за подобри активности на ансамблите и групите кои работат во Центарот. Паралелно со ова, продолжуваме со реализацијата на програмата која во најголем дел е прифатена од страна на Министерството за култура на РМ. Во рамките на ликовната дејност ќе се реализираат неколку изложби на ликовни колонии низ Македонија, како и две самостојни изложби на ликовните творци Марија Мицова-Гацева и Ивана Младеновска - изјави Кристина Атанасова-Арсова, директорка на Центарот во Кочани.

Во рамките на драмската дејност ќе биде работена претставата „Алиса во земјата на чудата“ во режија на Кристина Атанасова-Арсова, а во кореографија на Андријана Андреевска. Тоа ќе биде балетско-театарска претстава за деца - истакна Атанасова-Арсова.

Во делот на фолклорната дејност, Министерството и годинава ќе ја финансира работата на фолклорниот ансамбл „Мугри“, како и одржувањето на меѓународната културна манифестација „Петровденски конаци“, која годинава ќе се реализира по 11-ти пат.

Инаку, минатата година НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани реализираше вкупно 90 културни манифестации од различни области.


kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia