Старото градско јадро на Кратово заштитено со Закон

kratovoAA_640Донесувањето на Законот ќе овозможи постабилен и поодржлив континуитет во зачувувањето, проучувањето и ревитализацијата на македонското културно наследство ...

На предлог од Министерството за култура, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење.  Станува збор за правна рамка која ќе обезбеди постабилен и поодржлив континуитет во зачувувањето, проучувањето и ревитализацијата на македонското културно наследство.

Со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење ќе се се уредат клучните прашања во поглед на заштитата на оваа споменична целина, како што се: идентификацијата на заштитеното добро, називот, категоријата, границите и контактната зона, режимот на заштита и управувањето на доброто.

Градот Кратово, со своите историски, архитектонски, урбанистички, градителски, уметнички, етнолошки и социолошки карактеристики и вредности што ги поседува, е еден од најзначајните споменици на културата на Република Македонија.

Инаку, ова е четврти закон со кој една споменична целина во Република Македонија добива највисок степен на заштита. Во изминатиот период, со посебни закони, беа заштитени Старата скопска чаршија, градот Охрид и градот Крушево, а во фаза на изработка е и предлог-законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk