Министерката за култура Канческа-Милевска оствари средба со Карлус Падриса, уметнички директор на „Ла фура делс баус“ од Барселона

O_leto_4_320Уметничкиот директор на компанијата „Ла фура делс баус“, Карлус Падриса, на средбата го изрази своето задоволство што за прв пат ќе настапат на „Охридско лето“, манифестација со толку долга традиција.

 

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Министерството за култура оствари кратка средба со Карлус Падриса, уметнички директор на компанијата „Ла фура делс баус“ од Барселона, Кралство Шпанија, која е предвидено да го отвори годинашното 51. издание на фестивалот „Охридско лето“.

На средбата, на која присуствуваа и в.д. директорот на „Охридско лето“ Васил Зороски и музичкиот селектор Гордана Јосифова-Неделковска, Канческа-Милевска се заблагодари за укажаната чест што оваа врвна уметничка компанија од Шпанија, која е популарна во целиот свет, ќе го отвори реномираниот фестивал “Охридско лето“.

Уметничкиот директор на компанијата „Ла фура делс баус“, Карлус Падриса, на средбата го изрази своето задоволство што за прв пат ќе настапат на една манифестација со толку долга традиција и додаде дека петдецениско успешно постоење на еден фестивал е реткост во целиот свет, а сподели дека во текот на утрешниот ден во Барселона, Шпанија, ќе биде одбележан 25-годишен јубилеј на познат музичко-сценски фестивал.

Канческа-Милевска на гостинот од Шпанија му ја подари и монографијата за фестивалот „Охридско лето“ која беше изработена по повод минатогодишното златно издание на светски познатата манифестација.

Ексклузивното отворање на фестивалот „Охридско лето“ со делото „Трилогија Романа“ во изведба на Македонската филхармонија, а во продукција на „Ла фура делс баус“ од Барселона е дел од светската премиера на оваа поставка која на 17 јуни ќе се одржи во Валенсија, на 2 јули во Рим, а на 12 јули на Античкиот театар во Охрид, со што и Република Македонија ќе заземе посебно место на уметничката мапа на оваа светски позната компанија.


kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia