Отворена Спомен-куќата на Тоше

S_K_T_P_10_320На Гумење во Крушево  за посетителите е отворена Спомен-куќата на Тоше во која над 350 автентични експонати ќе раскажуваат за детството, тинејџерските години, врвот на кариерата и вербата и хуманоста на најголемата македонска музичка ѕвезда.

Во присуство на голем број гости од цела Македонија, објектот во форма на крст, изграден од стакло и бетон на површина од околу 870 квадратни метри,  свечено го отвори премиерот Никола Груевски придружуван од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, архиепископот г.г. Стефан, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и други министри во Владата на Република Македонија. Груевски во своето обраќање истакна дека од денеска приказната за Тоше е збогатена и со неговиот Спомен-дом, објект и композиција кои во многу нешта ја изразуваат неговата личност и делата по кои беше познат. 

S_K_T_P_2_640

- Врвно уметничко дела чија надворешност е само вовед во она што ве очекува внатре, а внатре е она без што приказната не би била цела – таму се неговите песни, инструменти, таму е неговиот лик, таму се чувствата, таму се емоциите, таму е човекот кој во навек нè задолжи сите нас и цела Македонија. Тоа е приказната за Тоше - истакна премиерот Груевски.

S_K_T_P_7_640

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска пред присутните подвлече дека Спомен-куќата е инвестиција во иднината на македонската култура и гест на признание и на благодарност од сите граѓани на Република Македонија. - Таа е нов простор во кој предметите допрени од неговиот живот ќе му се спротивстават на времето со енергијата која ова архитектонско здание сака и може да ја пренесе искрено како што тоа го правеше Тоше - рече Канческа-Милевска. 

S_K_T_P_3_640

На промоцијата на објектот се обрати и градоначалникот Василчо Дамчески, според кого, објектот ќе биде воскресение на градот Крушево, а Андреј Николовски, извршен директор на фондацијата „Тоше Проески“ посочи дека со отворањето на Спомен-куќата на светот му ја отвораме душата на Тоше. Николовски додаде и дека Крушево е град на историјата на херои, а Тоше е херој на нашето време. 

S_K_T_P_10_11_640

На промоцијата на Спомен-куќата премиерно беше изведена песната „Крушево“ за која текстот го напиша Мирослав Рус. Песната ја изведе познатиот актер Раде Шербеџија со музички настап на Влатко Стефановски и бендот на Тоше. Настапија и хоровите „Света Злата Мегленска“ и „Златно славејче“.Во објектот се застапени многу содржини за посетителите: молитвеник со сите верски предмети што ги поседуваше Тоше, презентација на неговото студио во кое музицираше и ги создаваше најубавите песни за својата публика, реплика на дневната соба од неговиот дом во Крушево.

S_K_T_P_5_640

Музејската поставка е збогатена и со две восочни фигури на Тоше во природна големина. Целиот објект е опремен со најсовремена техника и е илустриран со музиката на Тоше, заедно со предвидените визуелни ефекти преку ЛЦД-екрани на кои постојано ќе се емитуваат концертите и спотовите на нашата музичка легенда.

S_K_T_P_1_640

Еден од најефектните детали на Спомен-куќата е илуминацијата која ја нагласува визурата на објектот и која е особено импозантна во вечерните часови кога целосно  може да се види крстот како главен мотив на објектот и симбол на Тоше како голем верник. Пејзажната архитектура на Спомен-куќата е разубавена со зелена градина и хортикултурно уредување на просторот. Во неа, се разбира, посебно место има едно црешово дрво, кое е симбол на искреноста која Тоше постојано ја бараше во луѓето. 

S_K_T_P_4_640

Спомен-куќата почна да се гради на почетокот на 2009 година со одлука на Владата на Република Македонија. Министерството за култура претходно распиша меѓународен конкурс за идејно решение. Објектот е изграден според избраниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски. Изведувач на работите беше „Конструктор инженеринг“ од Сплит, а ентериерното уредување го изведе „Дизајн фантазија“.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia