Во присуство на голем број на гости од светот на книжевноста промовирани првите 10 наслови од проектот „130 тома македонска книжевност“ преведени на англиски јазик

14_stand_320На промотивниот штанд на Министерството за култура денеска во рамките на 23. Меѓународен саем на книгата беа промовирани првите 10 тома од капиталниот проект на Владата  „130 тома македонска книжевност“  преведени на англиски јазик.

101_saem_640

Насловите се од авторите: Илија Велев, Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев, Мето Јовановски, Симон Дракул, Јован Стрезовски, Владимир Костов, Петар Ширлов, Бранко Варошлија и Миле Неделковски.

- Преку реализацијата на овој најнов проект Превод на едицијата 130 тома на англиски јазик, светската читателска јавност ќе биде соочена со спецификите на македонските книжевни вредности, создадени од самите почетоци на македонската книжевна продукција, преку просветителството и основоположниците на поновата македонска литература, па се до најзначајните дела, кои денес во светски рамки го градат достоинството на современата македонска литература, нагласи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

104_saem_640 

Со овој проект се потврдува долговечноста на македонската култура која знае да ги почитува вистинските вредности, да ги негува и афирмира високите литературни дострели со предзнакот „создадени во Република Македонија“.

Проектот „130 тома на македонската книжевност-превод на англиски јазик“ го  реализира НУБ „Св. Климент Охридски“ и се очекува целосно да биде завршен во  јуни годинава.