Свечено отворен 23. Меѓународен саем на книга

06_saem__na_knigata_320Во рамките на светскиот Саем на книгата, Министерството за култура, НУБ „Св. Климент Охридски“ и Националната установа Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ се претставија со промотивен штанд

Синоќа, на отворањето  на промотивниот штанд во првата саемска хала, се презентирани едициите од капиталните проекти на Министерството за култура и на Владата на Република Македонија. Македонските граѓани ќе имаат можност да го видат концептот на националната промоција на Република Македонија на меѓународните саеми на книгата, да ја видат визурата на националниот штанд на кој со големо внимание, преку различни медиуми, се прикажани богатите природни и културни потенцијали на нашата држава, како и низата археолошки локалитети, на кои интензивно се работеше во изминатиот период. Логото со кое се претставуваат Министерството за култура, НУБ „Св. Климент Охридски“ и Националната установа Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ на Меѓународениот саем на книгата е „Откријте ја Македонија - Македонија вечна“.

01_saem__na_knigata_640 

Со ова лого, македонската литература се претставува на сите меѓународни Саеми на книгата.

05_saem__Nikola__Gruevski_200

Оваа година, на Меѓународниот саем на книгата е претставено македонското творештво и читателската јавност ќе може да се запознае со сите литературни изданија кои се реализирани под слоганот „Откријте ја Македонија - Македонија вечна“, а се дел од неколку крупни проекти кои во изминатиот период ги релизира македонската Влада.

- Македонија во овие неколку години направи револуционерен исчекор кон освежување и надградување на македонската книжевна ризница. Со реализација на грандиозниот проект „130 тома македонска книжевност“ создадовме едиција на книги кои се своевидна панорама на македонската литература, гордост и вистински репрезент на македонската книжевност и држава, нагласи претседателот на Владата на република Македонија Никола Груевски.

Од денеска, шеесетина издавачи од Македонија и неколку од соседните земји ќе ја претстават својата продукција на 23-тиот Меѓународен саем на книгата кој ќе се одржува до 17 април на Скопски саем, на површина од 4.000 метри квадратни. Покрај изданија од различни жанрови, читателите ќе имаат можност за средби со домашни автори и да присуствуваат на голем број промоции.

18_stand_640

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia