Обраќање на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на свеченото отворање на 27. Меѓународен фестивал Пролетни веселби „Хид Бах Шен Фест“

Обраќање на министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, за време на свеченото отворање на 27-миот Меѓународен фестивал Пролетни веселби „Хид Бах Шен Фест“ на 5 мај 2018 во с.Чалакли, Валандовско...


hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_naslovna

Почитуван г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, почитувани пратеници во Собранието на Република Македонија, почитувани колеги министри и членови во Владата на Република Македонија, почитуван градоначалник на Општина Валандово Перо Костадинов, почитувани екселенции, почитувани претставници на граѓанскиот сектор и медиумите, драги учесници и гости,

Големо е задоволството да се присуствува на овој уникатен фестивал, особено откако успеавме прославувањето на „Х’дерлез“ да го впишеме во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото. Оваа мултинационална апликација што ја поднесовме со Република Турција, како и другата успешна апликација за впишување на обичајот „Мартинки“ во листата на УНЕСКО на која работевме заедно со институциите на Бугарија, Романија и Молдавија, претставуваат вистински патоказ за правецот во кој треба да се развива регионалната соработка.

Воедно, би сакал да истакнам дека преку поддршката на Владата на Република Македонија и Министерството за култура за овој фестивал, уште еднаш сакаме да ја демонстрираме нашата недвосмислена заложба за унапредување на правата на сите граѓани на Македонија, за изградба на едно општество, со еднакви права, за сите нас.

hdrlez_zaev_alagjozovski_5_maj_2018_foto_naslovna_glavna

Културата е инструмент, поле преку кое најдобро се артикулира и се восприема различноста. Преку нејзината универзалност, сите ние, без оглед на припадноста, ги изразуваме нашите особености, верувања, сништа. Културата на помалку бројните заедници  е големо богатство на Македонија, таа заслужува почит и внимание.

Не само поради бројните истакнати уметници и културни работници, со чии вредни дела Македонија се гордее, се промовира и позиционира на светската културна мапа. Таа ризница е важна за сите нас и служи како постојан потсетник и инспирација.

Ако ги согледаме состојбите и активностите за унапредување на културата на помалку бројните заедници, можеме да речеме дека како држава сме направиле многу, но нема дилеми дека можеме да направиме многу повеќе, особено во делот на практично функционирање.

Како пример, би ја истакнал Управата за афирмирање  и унапредување на културата, чијшто директор Менфи Илијаз е со нас, кој што направи еден развоен план како оваа управа подолго да функционира и ние тоа ќе го направиме.

Во изминатите месеци, Владата на Република Македонија и Министерството за култура ја демонстрираа и во практика заложбата за едно општество за сите. Тоа го покажавме преку давање поддршка на различни манифестации на културата и уметноста на помалубројните заедници, како и преку нивното вклучување во сите важни стратешки процеси. 

Јас кога учев во петто одделение во Валандово имав четири пријатели од турската националност од Валандовско. Сега колку што знам, сите се иселени во Турција. Идејата за поддршка на овој фестивал и идејата за развивање на едно општество за сите е токму следните генерации да не доживеат нивните другарчиња од овие села да се иселуваат во Турција, туку да останат тука. А со заедничка соработка со Република Турција да го развиваме и идентитетот и еднаквоста и различноста.

Ви благодарам.

41190364724_b5554d904f_z
kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia