Обраќање на министерката за култура на 46. издание на фестивалот „ Војдан Чернодрински” во Прилеп

Со годинешното издание на  фестивалот „ Војдан Чернодрински” одбележуваме значаен датум, ја одбележуваме 60 годишнината од смртта на големиот поклоник на македонската самостојност, на македонскиот јазик и бит, творецот кој прв по Константин Миладинов докрај го впрегна нашиот народен говор во извршувањето на големата историска задача.

Почитуван г. Марјан Ристески, градоначалник на општина Прилеп,

Почитуван г.Петар Темелковски, уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрин-ски”,

Почитувани актери,

Почитувани вљубеници во театарската уметност,

Дами и господа,

Чувствувам неизмерна чест и  задоволство што вечерва можам да се навратам на уметничката историја и културната традиција на најреномираниот театарски фестивал во нашата земја „Војдан Чернодрински” и што имам можност да ги поздравам сите автори, сите врвни репродуктивни уметници од Македонија, сите оние што вградија дел од себеси  во  овој фестивал,  дарувајќи му љубов и долготрајност.

Со годинешното издание на  фестивалот „ Војдан Чернодрински” одбележуваме значаен датум, ја одбележуваме 60 годишнината од смртта на големиот поклоник на македонската самостојност, на македонскиот јазик и бит, творецот кој прв по Константин Миладинов докрај го впрегна нашиот народен говор во извршувањето на големата историска задача.

Војдан Чернодрински е еден од  најкомплетните македонски драматурзи на 20-от век, чие творештво импресионира и по својот обем и по својата нераскинлива поврзаност со револуционерната борба на македонскиот народ. Не случајно овој фестивал кој го носи неговото име се случува токму во Прилеп, градот кој е пантеон на македонската борба и во кој љубоморно се чува нашата историја.

Несомнено дека градејќи се себеси, фестивалот го позиционираше и градот Прилеп како епицентар во кој се премрежуваат културни збиднувања и настани и трајно го определи  како  простор, посветен на космополитскиот дух на уметноста.

Почитувани присутни,

Во изминатите 46 години фестивалот „Војдан Чернодрински” обединувајќи ги визуелните импресии и пораките на сценскиот говор, овозможи на неговиот културен проскениум да продефилираат најеминентните имиња на  денешната современа македонска сцена, да се презентираат  најдобрите драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција, квалитетни и етстески издржани претстави, низ кои особено се афирмира македонското драмско творештво. Одекот на креациите на плејадата актери ги надополни вредностите од минатото вклопени во уметничката креација на сегашноста  и и понуди на публиката  интензивен  континуитет  на творечка енергија, која најголемите медијатори,  уметниците, ја разменија на овој простор.

Во текот на овие 46 година, фестивалот Војдан Чернодрински беше вистински  полигон на театарската уметност кој произведе многу генерации  со  изградени критериуми за оваа уметност.

Почитувани присутни,

Славното име кое  го носи овој фестивал  не обврзува и во иднина да ги вложиме сите своите напори, тој да остане забележан на европската културна мапа, да продолжи да биде место каде што чесно и објективно ќе се вреднува вложената енергија и креативен напор во создавањето на можеби најблагородниот чин  на творечкиот дух-театарската претстава.

Трајните вредности и нивното негување се од особен интерес за Министерството за култура на Република Македонија. Токму затоа имаме особена чест да го поздравиме и да го помогнеме овој фестивал кој ни го доближи театарот, таа естетска игра, тој влез во непознатото.

Почитувани присутни,

Уверена сум дека и годинешната Фестивалска програма на Војдан Чернодрински  ќе ни овозможи многу творечки катарзи. Дозволете ми на крајот  да ги поздравам залагањата на тимот што го реализира овој фестивал и на уметничкиот директор  Петар Темелковски и воедно да им честитам на годинешните добитници на наградите за животно дело, истакнатите македонски актери Коле Ангеловски, Трајче Иваноски и Благоја Спирковски. Го прогласувам 46–тото издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” за отворено и нека театарот и вечерва биде   авантура и магија во која ќе сонуваме со отворени очи.
kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk