Обраќање на министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска на отворањето на 39. Мајски оперски вечери

Се наоѓаме пред уште едно поглавје на фестивалот „Мајски оперски вечери” кој  со години е, без сомнение, културен настан од највисок ранг - своевиден форум и отворена сцена за светската културна и уметничка елита.

Почитуван Дејан Прошев, директор на Македонската опера и балет,

Почитувани вљубеници во оперската уметност,

Ваши екселенции,

Дами и господа,

Дозволете ми да го изразам моето големо задоволство што вечерва, на ова место каде што Македонската опера и балет, Факултетот за музичка уметност и идниот концертен дом на Македонската филхармонија образуваат едно хармонично единство, градирајќи го до степен на заштитен знак на музичкиот идентитет на нацијата и на државата, повторно, по 39-ти пат, имаме можност да ја уживаме синтезата на уметничките форми, вокалот и инструменталната музика, театарот, драмата, визуелната уметност - имаме можност да ја уживаме операта.

Се наоѓаме пред уште едно поглавје на фестивалот „Мајски оперски вечери” кој  со години е, без сомнение, културен настан од највисок ранг - своевиден форум и отворена сцена за светската културна и уметничка елита. Голем е бројот на оперските уметници кои низ годините останаа запаметени на оваа сцена не само по маестралното  артикулирање со најсовршениот  звучен  инструмент во светот... со своите гласови, туку и  по актерски виртуозното пренесување на пораките на авторите на делата.

Во текот на сите овие 39 години, македонската публика низ овој фестивал беше сведок на моќта на културите и уметничкото изразување. Одекот на уметничките креации се преточуваше во  импресиите на оваа публика и сите ние се соочувавме со предизвикот - виртуозниот уметнички израз на делата од челичниот репертоар на оперските куќи во светот.

Почитувани присутни,

Дозволете ми да го изразам моето задоволство што и вечерва, во духот на традицијата, ќе имаме извонредна можност да уживаме во уште познат наслов, премиерата на Моцартовото комплексно, психолошко и морално амбициозно ремек-дело – „Дон Џовани“. Сигурна сум дека вечерашната изведба, која е заеднички авторски труд на македонските уметници и на уметниците од светот, ќе биде вистинска антиципација на останатите претстави од годинешната програма на Мајските оперски вечери, оперските бисери Бал под маски, Турандот, Тоска, Аида и премиерата на балетската претстава Заспаната убавица. Сигурна сум дека овие наслови и учеството на еминентните уметници-гости од Италија, Латвија, Јапонија, Бугарија, Грузија, САД, Украина, Србија, Русија и на домашните солисти, се провокација за вас, за сите вистински љубители на оперската уметност.

Почитувани присутни,

Министерството за култура на Република Македонија традиционално и со голема гордост на ова меценство, ги поддржува Мајските оперски вечери бидејќи оваа манифестација со години успешно гради мостови кон светот, постојано и одново, докажувајќи дека грижата за уметничките вредности е од големо значење за државата. Дозволете ми во оваа пригода да го истакнам големиот придонес на  Македонската опера и балет која со децении непрекинато и континуирано инвестира во македонската национална култура и неодминливо се наметнува  како активен двигател на македонската музичка уметност. Не можам, а да не забележам дека со севкупната програмска политика и квалитетниот кадар, Македонската опера и балет денес може да најде свој пандан во многу европски  куќи, а токму оваа  манифестација, која наредната година ќе го прослави своето 40-годишно постоење, е вистински доказ за големата посветеност и вложениот труд на низата генерации кои го градеа реномето на Мајските оперски вечери.

Почитувани присутни,

Велат - таму каде што ќе престане говорот, почнува музиката. Затоа им го препуштам главниот збор на оние што тоа вечерва најмногу го заслужуваат, на  уметниците. Ви благодарам!
obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk