Новости

Нов културен бран: Солистички рецитал на Арда Мустафаоглу вечерва во Штип

Пијанистот Арда Мустафаоглу вечерва ќе одржи солистички рецитал во Уметничката галерија Безистен во Штип, во рамки на Манифестацијата „Нов културен бран“, која се спроведува ширум земјава со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

nov_bran_Shtip

Повеќе...

Министерот Алаѓозовски во посета на Македонската филхармонија, новата сезона почнува на време со големо изненадување

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски го посети објектот на НУ Македонска филхармонија во Скопје, со цел да се запознае поподробно со состојбата со завршните зафати на објектот и активностите на Филхармонијата за почеток на новата сезона.

1_Filharmonija_Septemvri_2017

Повеќе...

Вечерва почнуваат Деновите на комедија во Куманово

Вечерва во ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово,  со претставата  „Целото тело тука ме боли“ на Градскиот театар „Јазавац“ од Бања Лука, ќе биде отворено 20-тото издание на „Деновите на комедија“.

komedija

Повеќе...

Алаѓозовски од Битола: Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе има постабилна и посовремена иднина

На затворањето на 38-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во саботата во Битола, министерот за култура на Република Македонија, Роберт  Алаѓозовски му ја врачи Специјалната „Златната Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на режисерот Милчо Манчевски.

manaki_zavoranje_30_sept_2017

Повеќе...

Објавен редизајнираниот Конкурс за Годишната програма во културата за 2018: Пошироки можности и поедноставен начин на аплицирање

На денешната прес-конференција во Даут-пашиниот амам во Скопје Министерството за култура го објави Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година. „Моделот што сега го нудиме ќе излезе во пресрет на културната јавност која имаше забелешки на досегашните конкурси, и ќе отвори можности за рамноправен и децентрализиран пристап со кој ќе се покажат вистинските вредности во културата“, истакна министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.
press_Konkurs_Godisna_programa_2018_30_sept_2017

Повеќе...

Железничката зграда во фокусот на проектот „Кога зградите би зборувале“

Утре и во недела во комлексот на Железничка зграда во Скопје ќе се одвива дебата и перформанс  „Кога зградите би зборувале“. Настанот започнува утре во 11 часот со панел-дискусија на која учествуваат гости од  градовите-партнери на проектот, Белград и Загреб, како и професори од Архитектонскиот факултет од Скопје. Во дискусијата се вклучени и тројца станари на зградата.

zeleznicka_mix

Повеќе...

Вечерва почнуваат 29-тите „Охридски староградски средби“

Вечерва во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, во 20 часот, ќе започне 29-тото издание на Фестивалот „Охридски староградски средби“. Учествуваат девет пејачки групи, ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија кои доаѓаат од Дебарца, Штип, Битола,Богданци, Прилеп и од градот - домаќин.


311548-ohridski-starogradski-sredbi-po-27.pat

Повеќе...

Женскиот младински хор при МКЦ вечерва со концерт во Прилеп

Вечерва во ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп во 20.30 часот ќе се одржи концерт насловен „45 години Женски младински хор - МКЦ“ Скопје. Диригент е Сашо Татарчевски. На програма се дела од светската хорска литература,но и од македонските класици Скаловски, Димчевски, К.Македонски, Прокопиев.

zenski_hor_mkc

Повеќе...

Новиот културен бран со македонска џез квечерина викендов во Струга

Во рамки на Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, во сабота на 30 септември во струшкиот Центар за култура „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи џез-настан, “Македонска џез квечерина”. Настапува проверената џез формација “ Сетстат” во комбинација со Мирко Попов. 

repetitor-i-sethstat-mirko-popov-i-andreas-hz-i-a-59

Повеќе...

Почнува 26-ти Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Денес на плоштадот Македонија во Скопје, во 18,30 часот, свечено ќе биде отворен најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал, „Оро без граници“.

oro_bez_granici

Повеќе...

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia