Новости

Успешно претставување на Македонија и нови договори за соработка на Форумот на Иницијативата 16 + 1 во Кина

Третиот форум за културна соработка помеѓу Народна Република Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16 + 1), кој деновиве се одржа во НР Кина, продолжува со успешно претставување на Република Македонија на 11-тиот Саем на културни и креативни индустрии, кој се одржува во рамки на Форумот, како и договори за конкретна понатамошна меѓународна соработка. 

ekspo_kina_foto3_23_sept_2017

Повеќе...

Свечено отворено 38-мото издание на Фестивалот Браќа Манаки

Во Битола вчера се одржа свеченото отворање на 38-мото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на кое присуствуваше и заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски.

zamenikminister_Lazovski_otvoranje_manaki_23_09_2017

Повеќе...

Нов културен бран: Вечерва „Статуафест“ во Гевгелија

Во Гевгелија вечерва, како дел од Манифестацијата „Нов културен бран“ која се спроведува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија,  се одржува уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“.

statuafest_flaer

Повеќе...

Нов културен бран: Вечерва концерт на албански рок бендови од Македонија во Гостивар

"Новиот културен бран" пристигнува и во Гостивар, каде вечерва ќе се одржи рок-концерт на албански бендови од Македонија. На вечерашниот концерт во Домот на културата во Гостивар ќе настапат „XXL“, „Kepurdhat“ и „VezVes“.

pllakat_gostivar

Повеќе...

„Нов културен бран“: Турнеја на Поган Паган со перформансот „Девојката со тетовираниот мозок”

Вечерва со концерт во Куманово во Клубот Агора започнува мини - турнејата на македонскиот состав Поган – Паган, кој во рамки на Манифестацијата „Нов културен бран“ ќе настапи во четири градови низ земјава со музичкиот перформанс „Девојката со тетовираниот мозок”.

pogan_pagan_plakat1

Повеќе...

„Допри ја светлината, почувствувај ја Битола“: Вечерва почнува Фестивалот Браќа Манаки

Вечерва во Битола се отвора 38-мото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Златна камера 300 за животно дело ќе му биде врачена на легендарниот кинематограф Пиер Лом, а застапник на вториот лауреат Џузепе Ротуно, кој поради возраста не може да допатува во Битола, ќе ја понесе втората Златна камера за животно дело. На свеченоста ќе присуствува и заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски.

final_poster_2017-012

Повеќе...

Македонија - седиште на центарот за културна соработка меѓу Кина и 16 земји на Централна и Источна Европа

На Третиот форум за соработка помеѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16 + 1), кој деновиве се одржа во Хангџоу, НР Кина, се направија значајни исчекори за унапредување и конкретизирање на соработката меѓу овие земји.  Со усвојувањето и потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за култура на земјите од ЦИЕ и НР Кина, се воспоставува Координативен центар за културна соработка на Иницијативата, чие седиште ќе биде во Македонија.

press-16_plus_1_forum_kina_22_sept_2017

Повеќе...

„Нов културен бран“: Вечерва стартува Кумановскиот џез-фестивал

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва од 20 часот започнува Кумановскиот џез-фестивал, кој се реализира во организација на Институтот за наука, уметност, култура и спорт, а со поддршка на Министерството за култура и Новиот културен бран.

kumanovojazz-620x350

Повеќе...

„Нов културен бран“ во Kино Култура: Вечерва концерт на пијанистката Дуња Иванова

Во рамки на Mанифестацијата „Нов културен бран“, вечерва со почеток во 19 часот, во Кино Култура во Скопје, македонската пијанистка Дуња Иванова ќе одржи рецитал посветен на култниот јапонски композитор Руичи Сакамото.

DunjaIvanova_PlakatNKB

Повеќе...

Република Македонија и НР Кина потпишаа Извршна програма за културна соработка за 2018-2023 година

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски и министерот за култура на Народна Република Кина, Луо Шуганг денес остварија билатерална средба, на која ја потпишаа Извршната програма за културна соработка меѓу Република Македонија и НР Кина за 2018-2023 година. Средбата се одржа во рамки на Третиот Форум на Иницијативата за соработка помеѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16 + 1) што деновиве се одржува во градот Хангџоу во Народна Република Кина.

china1

Повеќе...

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk