Министерот за култура Асаф Адеми се сретна со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец

Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, д-р Милан Јазбец. На средбата стана збор за соработката во областа на културата меѓу Република Македонија и Република Словенија, како и за активностите што ќе се реализираат во наредниот период ...

Slovenecki_ambasador_2

Министерот за култура Адеми се заблагодари за досегашната соработка и изрази уверување дека одличната коминикација и заемната поддршка ќе продолжат и во периодот што следува. 

Република Македонија традиционално негува одлични културни релации со Република Словенија, која е наш голем пријател и поддржувач во евроинтегративните процеси.

Slovenecki_ambasador_600_-1

Постои размена на проекти и гостувања на македонски и на словенечки уметници во двете земји, а успешна е и соработката во областа на литературната, филмската, театарската дејност.

Освен на билатерален план, Република Македонија има одлична соработка со Република Словенија и на мултилатерален план. Двете земји членуваат во Форумот за словенски култури, во Советот на министри од Југоисточна Европа, а реализираат и заеднички проекти во рамките на соработката со УНЕСКО. 

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia