Министерот за култура Адеми на танчарите со Даунов синдром им го честиташе златниот медал на Светското првенство во Полска

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Министерството за култура оствари средба со членовите на танчарската група „Денсерс јунајтед МК“ кои во  Киелце, Полска, на Светското првенство во хип-хоп танци го освоија првото место во паракатегорија ...

minister_kabinet_600_-5

Министерот за култура на средбата им го честиташе високото признание и им посака уште многу врвни резултати и нови награди преку кои успешно ќе ја промовираат културата на Република Македонија во светски рамки.

minister_kabinet_600_-4

Toj истакна дека грижата за еднаков пристап за поддршка во културата за сите граѓани, вклучително и за лицата со посебни потреби, е неопходна и претставува сериозна должност и обврска. Последниот настап на „Денсерс јунајтед МК“ во Полска се реализираше со поддршка на Министерството за култура, а министерот за култура Адеми на средбата нагласи дека поддршката за овие амбасадори на културата ќе продолжи и во наредниот период.

minister_kabinet_600_-3

Членовите на оваа танчарската група, заедно со нивните тренери, во изминатите години оствариле многубројни настапи и освоиле европски и светски медали во различни категории, а минатата година на Светското првенство во модерни танци што се одржа во Копенхаген го освоија третото место.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia