Средба на министерот Адеми со делегација од Италија

Министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми денеска во просториите на Министерството оствари средба со делегација од Министерството за културни добра и културни активности на Италија предводена од заменик-министерката  Лучиа Боргонѕони...

min-1

Адеми и Боргонѕони подвлекоа дека меѓу двете земји постои традиционално одлична соработка во сите дејности од културата што се потврдува и со потпишаната четврта Програма за соработка за периодот 2016 - 2019 година. 

Соговорниците во текот на средбата се осврнаа на досегашната соработка, но и на идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји. Беше оценето дека досегашната соработка во културата резултираше со размена на многубројни проекти и гостувања на македонски и на италијански уметници на манифестациите во двете земји. Министерот за култура Адеми го изрази своето задоволство и од соработката меѓу двете земји во областа на аудиовизуелната дејност, во чии рамки е и потпишаниот Договор за развој на копродукциски проекти.  Истовремено, беше истакната и важноста на реализацијата на Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони“, кој има исклучително значење за подигнувањето на свеста кај младите за филмската уметост.

DSC_1087

На средбата, која помина во исклучително пријатна и срдечна атмосфера и на која присуствуваше и амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео, беше заклучено дека добрата соработка во областа на културата што ја негуваат двете земји ќе продолжи и во периодот што следува.