Министерот за култура Адеми присуствуваше на манифестацијата „Ноќ на турската поезија“

Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на меѓународната манифестација „Турска поетска вечер Јахја Кемал Бејатли“, која, во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), се одржа во Сули ан, во Старата скопска чаршија ... 

Minister_foto_1-002

На настанот, чија цел беше промоција на поезијата од реномирани турски автори, беа претставени книжевни поетски дела на голем број автори кои оставиле белег врз промоцијата на турската книжевност во земјите од кои доаѓаат, но и во меѓународни рамки.

На манифестацијата се претставија поети од осум земји, и тоа од: Турција, Азербејџан, Молдавија, Ирак, Грција, Бугарија, Косово и Македонија.

minister_foto_3-001

На отворањето на манифестацијата се обрати и Д. Мехмет Доган, почесен претседател на Сојузот на писателите на Турција, кој се осврна на темата „Како треба да се прочита идентитетот на Јахја Кемал Бејатли кај балканските Турци“.

Манифестацијата „Турска поетска вечер Јахја Кемал Бејатли“ се реализира со поддршка од Министерството за култура и е во рамките на активностите за соработка меѓу Министерството и МАТУСИТЕБ. 

minister_foto_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia